Нешто се напнуваше, нешто не можеше да биде задржано, а после, сосема наеднаш, по сета негова внатрешност избликна од некој скриен вир во него и се плисна по неговото лице, едно чувство, од кое сега почнаа да му лазат некои меки, едвај осетни допири под очите, тоа го зајазлуваше неговиот здив, сѐ додека сиот не се згрчи и не препукна во едно придушено липнување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мускулите веќе почнаа да го болат, челото му се ороси со пот, а тој со стиснати заби продолжуваше да се напнува, да се инаети, да се надминува себеси.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
„Васј, не симнувај ме од среќата“, молеше тој, а јас, збунета од неговите зборови или од неговата чудна неприсутност, ги расчеречував очите, гледав околу него, се напнував да го видам она што тој можеби навистина го гледа, а таму ништо освен ништото.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Пламна од ударите на тие зборови. Почувствува дека точно преку средината на челото му се напнува мрачна, злокобна жила.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Јас стенкам, се напињам и пот врне, ко цвик од торба. Топило сум.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А татко ти тогаш ти рече: „Сине, тоа е голем грев, тоа што наумил волкот да го стори“, но и ова го рече на оној негов чуден руски за кој сите го исмејуваа па и тогаш кога тој се напнуваше да ги увери присутните дека сите ние сме славјани и едно племе и дека треба да господари разбирјатељство помеѓу нас и да чувствуваме грижа едни за други, а јас, за да го смирам, морав да го повторам она што и пред тоа многупати му го имав речено: „Руски човече, побрзо јас ќе се разберам со своите мртви одошто ти со својата болка и со нас живите“, па тој веднаш замолкнуваше, се престоруваше најситно зрно просо и заминуваше во Горнидвор за да се качи на дудинката; беше и возрасен, и умен, а со срамно детско однесување.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Можеше да работи. Можеше да се напнува и да се превиткува, впрегнат, можеше да совладува и да биде среќен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, колку повеќе се искачуваше по ричката, зад која беше долката со млаките, кон кои водеше онаа дира, толку почесто здивот почнуваше да му се напнува.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Па се симнав како слон под кој крцкаат металните скали, па повторно се искачив на масата и почнав да дишам и да задржувам воздух, да се напнувам како балон пред пукање.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)