се (зам.) - планира (гл.)

Во принцип, воениот напор се планира така за да го изеде секој вишок што би можел да постои откако ќе бидат задоволени најнеопходните потреби на населението.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во иднина значително ќе се намалат отпадните води, зашто се планира концентрирање на нови производни капацитети покрај големите реки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во овие градови се планира да се отворат нови живеалишта уште за 4 до 6 милиони жители.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се планира - значи треба, значи - толку е потребно.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се планира да се изградат толку и толку електроцентрали, фабрики, рудници. Потребни се.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се планира да се произведе толку и толку жито, овошје, зеленчук и друго.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Со овие музеи повторно се планираше, проклето се планираше како да се убие Бог засекогаш во човека, да се убијат разликите, верувањето...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Браните што се планира да се изградат на реката - ќе бидат и ѕидови кои ќе нѐ оддалечуваат од Европа, од нашите сојузници...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)