се (зам.) - пожали (гл.)

— Така „вела“, кај шо има некрстена душа иде тој „натемаго“ и носи секакви болести, како за детето, така и за мајката, — велеше Митра кога Доста се пожали оти ѝ смрди опурчакот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ами вој палежен поас, бре! Илко, шо ал се прави, не су научена со него, ме глочка! — се пожали Доста на дебелиот појас од седум оки стари.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во една пригода, му се пожали на Сокол Мечевски дека му треба вистинска лупа... Сокол Мечевски, на Татко, му ја подаруваше својата... Голема, јасновидна...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Научив да не се жалам. Пред некој ден сепак прозборев, ѝ се пожалив на сосетката, помада, велам, не можам да купам, ете, велам, на што паднавме, на маслиново масло...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Иако Солун имаше многу гости на есенскиот саем, угостителството ги прими сите, ги услужи сите и ретко кој се пожалил на гостољубивоста на солунчани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Затоа одеа колку што личеше пополека и не можеа да се пожалат дека се измориле.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Иако Рада никогаш не му се пожали за односот на неговата мајка, Томо тоа несогласување го чувствуваше во воздухот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вториот што ме посети беше Коте Буџе. Тој ми се пожали на три работи: прво, што на времето направил куќа на пат, второ, дека сакал да купи стан на отплата в град и, трето, работа во државно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ако стане збор за секс и за тоа имам што да кажам. Поточно, да се пожалам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Таа никогаш, ни во себе, не се пожали на Најда; тој ѝ беше добар „кога топол леб“, но не можеше да го заборави Дракчета и покрај топлина во очите на Најда Пашалески со која што тој ја гледаше, која што чинеше маката што ја имаше да ѝ олесни.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се пожали писателот дека во нашава животна средина скоро сите чинители на духовните добра можат да вадат парче леб од својата дарба, само писателот не.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не дека детето се пожали некогаш, нему му беше битно да го наполни стомачето и ништо друго, а таа сакаше работите да тргнат на подобро и да се вратат во она друго време, кога можеа да избираат меѓу два вида паштетка или крем.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Патрокле му се пожали на Џемал-ага.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Ниту сонувам, ниту имам слики како порано”, му се пожали Сандри.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Ајде, симнувај се! Веќе не можам да се држам! - се пожали одоздола Денко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Да, ни ги крена шаторите! - се пожали доктор Коста.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не се пожалија ни дека се гладни, реков јас. Кутрите, живи голи се.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И заспав. Ноќта стана море. Ме однесе далеку на меки бранови.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кога и да му се пожалам дека ме боли глава, или дека имам несвестица, ќе рече незаинтересирано, ништо не ти е, не си болна, такви ти се годините, и никогаш не се согласува да ме однесе на работа, во клиниката и да ми направи подробни испитувања.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А што ако имам некаква страшна болест и умрам од што не се грижи за мене, а на своите пациенти дење-ноќе им посветува внимание?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не можам да се пожалам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Да, ве разбирам, наполно, но веќе немав каде да одам да се пожалам ... извинете што ви го одземав времето ... ви благодарам...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Кутриот Михаил, дури сега немаше со кого да си поприкаже и кому да се пожали.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Но колата ме труцка - најде причина Огнена да му се пожали.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но попот се бунел, пијавиците на набожноста му ја цицале крвта однатре.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа, испиен и невозможно аглест под излитената мантија со боја на исчадено вишново дрво, го оживувал стравот на Откровението од многуглавата Библија: Фиданка Кукникова еднаш се заколнала на верност пред олтар а маж ѝ е жив, скита и се откупува од гревови негде, ќе му побелат очите од печал и копнеж, ќе се врати на своето парче камен во некоја од пештерите и ќе му се пожали на господа - делкав по светов крстови за твоја слава, зошто ме фрлаш во нови искушенија?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го почитуваше, се сметаше за негов должник од времето на својата свадба.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Раскажуваа дека Неделко Шијак му се пожалил со влажни очи - синовите ќе го остават без каменен крст кога ќе сконча, и зетот му ветил со клетва дека самиот ќе изделка крст поголем и од игуменските во дворот на манастирот Свети Никита, на крстот ископано име со букви - овде лежи божиот човек Неделко Шијак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лично не можам за ништо да се пожалам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Албанците се пожалија во Комитетот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ако му се пожалиш на четничкиот војвода, тој веднаш за ножот - За тебе се бориме, твоја ракиичка пиеме - Ако појдеш до комесарот на другите, тој ја развлекува волчата челуст, сака да апе - Од пет ока јаболки не ќе се сотреш. Има манастирот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А сега овие новите, по неговото уривање, кои се прават демократи и европејци, нѐ подзаборавија... – ни се пожали еден долгогодишен Врбниченец кој сега живее во Корча.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Како бубачки што светкаат или како лебарки што и ноќе ги гледаш како протрчуваат по собата Му се пожалив: „Тате“, реков, „посакувам проклетине труби засекогаш да замолкнат“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Така што најпосле Акакиј Акакиевич еднаш во животот посака да покаже цврстина и одлучно рече дека неопходно му е лично да го види началникот, дека тие не смеат да не го пуштат, дека тој доаѓа од установа по државна работа и дека ако тој се пожали на нив, тогаш ќе видат тие.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Многу тажни лица, многу и лажна тага, многу и отворена веселба.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Клирот не може да се пожали: приходи. Но мирисот, мирисот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
и еден ден се појави полковиот командир, на еден бел коњ, коњот игра, не гази на земјата, беше бил заробен од Англичаните, и кога дојде му даде команда на ротниот командир и на другите офицери да се тргнат подалеку од војниците, и тие сите се тргнаа едно двеста чекори, и полковиот командир не прашува кој каква мака има, или некоја поплака да има, и излезе еден, Ристе се викаше, а тој пак сето време само главата навалена и само зачуден, и со никого ни а, ни бе, и мајката, си мислиме, на толку молчење, сега најде да зборува, а тој ти имал мака, полкот негов ја збркал работата, а го окривиле и Ристета и го осудиле седум години затвор да лежи по завршувањето на војната, и Ристета цела недела пред тоа го учел еден адвокат од Скопје како да се пожали, го вежбал за докладот, како да се претстави и како да се поплаче и Ристе станува, јас бев часовој, вели, кога стана тоа, а имам и часовник добиено за храброст, ама јас не бев таму, кај што стана колењето и му кажува сѐ како што било,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Утредента му отиде на командирот нивни и се пожали. Имало некој толмач и се разбрале.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И човекот отишол во Прибилци да се пожали.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)