се (зам.) - прчи (гл.)

Ако Кратово се прчеше со бакар и со сребро, Скопјево, пред сите други занаети, си ги имаше кожите и кожарите - околу 700 на број.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Турчинот, со црвениот коњ се доближи до нив, го запре коњот и викна: - Стојте, бре, проклета ѓаурска, веро!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Додека Костадинка, Коца, растеше во нејзиниот мев, брчкајќи се во нејзината лошотија, која се дуеше како Тодора со оки да голта воздух, ибн Бајко се прчеше: ете, ѝ го најде лекот. Но, пак се прелажа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Не! Твојот коњ ми ја испаси ливадата! - се прчеше вториот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На сивото лице, мазно и рамно како порцеланска чинија, победнички се прчеше голем, розов нос.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Чаршијава цути, ама од кого цути? Од Турци, што се прчат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Врти- сучи, трткај се збунето, оптегнувај ја стрелата и над мерката - оклопот се прчи како во тв вести
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
- Што се прчиш како војвода кога личиш како главатар на кокошкари, - му рече дедо Ангеле.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Една вечер, Тодора му рече: „Што се прчиш толку? Не гледаш ли дека имаш работа со мене?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)