Камилски потоа утврди дека од урбаните средини влијанието се распространува и во руралните предели каде што турските лексички елементи ќе влегуваат од втора рака, но и натаму дури и до денешни дни ќе се чувствува нивното присуство и влијание.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски најпрвин ги извлече од речниците заемките за означување поголеми или помали градови како: касаба (со потекло од арапски, casaba), заемка присутна во сите балкански јазици); паланка (од унгарско потекло во турскиот).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Како и да е на една опитна и достоинствена коала Која била на аудиенција и кај Римскиот Папа Секако ѝ прилега да верува дека толку време не сонувала попусто Сеедно што севезден се распространува општењето во здрав разум И што еукалиптусите сѐ повеќе се наврнати од кисели дождови.
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Тие се рапространуваа со векови и одеа одоздола нагоре.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Потоа академикот Друон, поттикнат од читањето на романот, го поставува прашањето:
Зошто во еден долг период марксизмот завладува и се распространува во светот со толку силна моќ?
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Кога едно движење во едни места се распространувало со убедување, а во други со сила, може ли да се нарече општо?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Спуштајќи се по Моравско-вардарската долина Словените се распространувале по сите нејзини делови.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)