се (зам.) - собира (гл.)

Навечер луѓето од селото се собираа во слаткарницата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А ги гледам нивните празни ракави, ногавици, пачавици и од секоја по малку плач ми се собира.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се собира изборот и што е најважно доаѓаат и нашите студенти од Скопје.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ѝ се всади еден постојан стреж што ѝ се собираше како грутка во градите, стреж од некоја неизвесност.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Келн под мостот на Рајна има свои привлечнисти, зашто овде многумина се собираат, за разонода и забава со герлите, кои овде се среќаваат на секој чекор.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Најмногу душата му се собираше кога делкаше воденички камења; со денови вртеше околу карпата од која требаше да се издвои поголем камен од кој требаше да се изделка воденички камен: ја набљудуваше карпата, секоја нејзина жилка ја проучуваше: од каде трга и каде оди, каде се разгранува, слично на ботаничарот што ги проучува жилките на растенијата, како дрварот што го проучува дрвото од која страна да почне да го цепи; го проучуваше до каде оди цврстиот дел на каменот, а од каде почнува болниот; го обележуваше со креда, со керамитка, со врвот од глетото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Како резултат на доцнењето на платите, работниците од повеќето погони се собираа и мирно штрајкуваа на своите работни места.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сѐ уште врз огнот фрлале гранки и се собирале, се стискале еден до друг да се згреат меѓусебно, малку повеќе од последната топлина на мртвиот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
91 Базирајќи се врз сознанијата од широк спектар на дисциплини, вклучувајќи ја историјата, економијата, социјалната теорија и филозофијата, 90 Види Seyla Benhabib, “Models of Public Space: Hannah Arendt, the Liberal Tradition, and Jürgen Habermas” in Habermas and the Public Sphere, ed. Craig Calhoun (Cambridge: MIT, 1996), 73. 91 Првично конципирана како постдокторска дисертација, „Структурната трансформација на јавната сфера“ била одбиена од Адорно и Хоркхајмер, доведувајќи до тоа Хабермас да го напушти Франкфуртскиот Институт за социјални истражувања. 81 во „Структурната трансформација на јавната сфера“ Хабермас студиозно го исцртува развојот на јавната сфера од нејзиниот репрезентативен карактер во феудализмот до различните форми на нејзино постоење во буржоаското општество и последователната структурна промена на јавната сфера во доцната модерност предизвикана од заедничкото влијание на државниот капитализам, зголемената улога на големите претпријатија во јавниот живот и моќта на културните индустрии.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Навечер завршуваме во барот „Хабиби“, едно сомнително место во коешто се собира блискоисточниот свет и каде што арапските принцови, опкружени со лажни блондинки и реални малигани, ги кршат законите на Куранот заедно со своите сиромашни сонародници.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Јас се смрачувам, ко насланет лист се собирам. Нема разбран човек, си мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Светот бил поделен на обрачи - бара во која од фрлен камен се шират кругови и пак се собираат кон својата средина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Седумнаесетмината не биле таква сиромаштија и безработна рамнодушност да се протегнат преку млада трева меѓу кукуреци и качунки и на сонце да си ги одмрзнуваат коските.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ќе почнеа да го дерат и да му ја чистат утробата, по миризбата дотрчуваа сите селски кучиња, се собираа наоколу, 'ржеа, квичеа, завиваа, се впуштаа да вчапат од трбушката.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој ќе те удира, а ти ќе се превиткуваш, ќе потсинуваш, ќе се собираш копец во вратот и во срцето, ќе ја собираш устата, ќе ја собираш раката и, примижувајќи пак ќе ја подаваш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бара збор и Михајло Горачинов: му се собираат мускулите околу носот, му се тресе вилицата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сенката за да ни докаже дека не се возбудила од тажниот палјачо, почна да збеснува, да се собира и да се развлечува како гасеница, да се дуе како балон, да се истанчува како вретено.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Ваквиот канон се нарекува канон со смалување одн. зголемување, респективно (затоа што се чини дека темата се собира или се шири). Тоа не е сѐ!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Нештата се собираат... Ноќта ќе нѐ земе.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Горе, огромното ѕвоно, сместено под отворената чатија на камбанаријата, беше попрскано со измет од гавраните што се собираа под покривчето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од Кукулино пошле по Бели Поклади, веднаш по третиот ден на Рамазан Бајрам, кога по задоцнетиот снег на земјата се собирале мрежести барички.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Каде, кај виде, велиме ние и се собираме околу Давидета Недолетниот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И седенките, кога чупите од село се собираа и со шега и песна плетеа чорапи, фанели, капи, нараквици и малини, а беќарите - мајтапчии, вртејќи синџирче на прст, ги задеваа оние девојки кои имаа фрлено око. И тоа беше дома...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Околу маската се собираат муви и ѝ се пикаат во краевите на очите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На Монпарнас се собирале најпрогресивните интелектуалци на Франција и од светот, па и од Балканот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во Бугарија се вареле компоти од сливи, во Индија се собирал кокос.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Навечер во мојата населба соседите се собираат во дворовите и на клупите во парковите.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Дека е тој толку голем, што да му нема друг рамен, а Васил спечурен и крив, а тие се постојано заедно, граѓаните, здружени и со ѓупско и со турско, како по мека се собираат по нив и ги задеваат. Особено него, Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бевме многу, многу деца. Кога свртев глава за да видам колку е долга колоната видов како на ритчето, скраја од џалето, се собираа жени.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го снемало. Кога се вратил (можело да се види дека беневреците му се влажни на колениците) од отворениот гроб се кревале лилави чадишта и уште нешто - мирис на нагорена волна и на човечка тага.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тој и селото и ридиштата наоколу биле фатени во обрач на мрак зад чија граница можел тогаш да се стеснува нов обрач на онбашии, заптии, јузбаши, чауши, кајмаками, мулазими, кадии и секакви одбрани стрелци и мислители на царството, повеќето со измеќари, соколари или ќати, но сите со кубури, со долги или краткоклуни пушки, со јатагани, анџари, џилити и наџаци на чие железо со златни или со сребрени нишки е запишана муслиманската покорност пред пророкот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега ќе почнат да се собираат.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ми даваат и чај од богородична трева што на суво се собира ко тупаница, а во вода се отвора ко прстите од раката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чадот се шири и се собира, се зашилува и се занесува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Веста бргу се рашири, дојдоа од градот, од власта, се собираа луѓе и од други села и веселбата сѐ повеќе и повеќе се зголемуваше: се пиеше, се јадеше, се колеа јагниња, прасиња, се влечкаа бинлаци со пијалок од куќите, се тркалаа бочви со вино по сокаците; ечеа свирки и песни, клокотеше селото.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Седиме тука, се тутулиме. Се собираме ко црвец во дрво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дојдете сите околу масава. (Се собираат сите околу масата.) Свети Илија, ти се молиме закрилувај нѐ, помагај ни, води нѐ со својата сила.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Апсолутната големина на јавниот физички простор се намалува, бидејќи истиот постојано го заземаат приватните претприемачи.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Се собираме и се џариме, побелени во лицата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се разбира, под темелите на Уфичи има канализација.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Мислиш некоја бура, некоја црна виулица се собира да се крене кон небото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе стоиме и ќе поодуваме, ќе се собираме во витли и ќе се кинеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не само тој: другите имале чекани и железни лостови, алат за камен и орудие или оружје за дојденци со мирис на пресни гробови во косите и во брадите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Темнокожите смолари, со кои работеше и со кои живееше, имаа влажни плеќи и модри заби; се собираа околу него и молчеа нејаки да го разберат крвавото зло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се тргал, сакал да му се врати на својот свет што го измислувал, сакал да гледа како по усвитени карпи се лизгаат грешни души, со крици на врани паѓаат во густо и вжештено море и ѕурат со усвитени клобуци кон своето блажевито минато.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Животот се собира и се шири, и пак ќе свири под прстите на оној твој куц Циган со зелени зулуфи. Животот тече.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Го заплиснуваше со сите изглодани мрши и со сите свои соништа, она обезличено суштество на три нозе, кое просто цвичеше, сонувајќи за тоа свое очекување, лижејќи ги неговите стапалки во снегот, при што носалките му се собираа и му се грчеше неговата остра муцка, а притоа од таму доаѓаше и некое на прв поглед ќе речеш презриво, шеговито мрморење низ полузатворени очи, потсветнуваше едно чудно здрава белина на неговите очници, обвиткани во розовоста на неговите непца.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Жените тогаш се собирале пред куќата на мајка му, влегувале внатре и молчејќи ја жалеле; тоа станувало оние денови, кога ќе се расчуело дека го носат врзан. Било заради кражба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оти последен нивниот вагон, назад нема ништо друго освен безброј шини што се собираат таму на крајот само во две, а ваму, нагоре, на кај главата на возот, луѓето веќе се раздвижиле и ги растоваруваат бовчите, вреќите и другите нешта што ги напикале во вагоните.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Нивните меса се топат, се залепуваат едно за друго и се собираат небаре куп смола. Згура.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Онисифор Проказник ја познал во темницата ситната птичја глава на Јаковата вдовица: да ја каже ли вистината и да го признае ли тогашното свое бессилие да го забрани бесењето?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ние не отстапувавме и сѐ повеќе се собираше народ, запрежни коли, говеда, кози, овци, запрежни коли и товарени магариња... – Назад! – викаа – Назад! Наредба е да бегате кон Пероо!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Глобалното Село каде што сите сме заедно, се употребува како метафора за тркалезната маса на која се собираме за да разговараме за сѐ што нѐ засега. Rheingold ја анализира состојбата на CMC (компјутерски посредувана комуникација) и пишува за зависниците од различни системи: минител во Франција, кампус мрежите, xxx, bbs (само за возрасни), во центарот на Небиднината.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Што ни требаше да тргнеме да ги бараме велосипедите, проклети да се, се прекорував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вирчиња вода ни се собираат околу стапалата, цели езерца вака.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тестото, кога ќе биде готово, се собира во платеноно цедило и кога ќе проврие водата, се спушта во котелот, но така што да не го допира дното, односно со конопен конец се врзува за рачката на котелот или за камушките и се остава цела ноќ да врие.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На покривот се собираа гугутки, ги слушнав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оние што се збиени, уште од зори си ги мешаат сенките, се надјавнуваат, се грабаат на просторот, се издолжуваат и се собираат како пијавици, како полипи, како чудовишта; сокаците: удриле кај им било мило; еден од нив, најширокиот, се припил до езерото, не се дели од него: кај врти езерото, и тој; кај ќе се намери на куќа, се тргнува настрана, се свиткува, се стеснува; кај се спушта брегот на езерото, и тој по него; колку што се проширува брегот на езерото во летно време - толку и тој.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Целата крв ми се собира на лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ништо. Ја оставивме работата. Мокро сено не се собира.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Таму се запознал со учењето на Григорие Палма, Никола Кавасилас, Никифор Калист, калабриецот Варлаам.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Водарите не полнеа вода ако таа не наредеше, варџиите не ја гаснеа варта ако таа не го кренеше камшикот, а делкачите на каменот што се собираше за градење на џамијата, а што ќе преостане и за кулата и теќето, не работеа додека таа не поминеше и со опул не ги штрекнеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се собиравме само ние кои, постојано или повремено, се чувствувавме приморани од лудилото да дискутираме на философски теми; на тие средби изгледавме како луѓе жедни за разговори, и истовремено како присилени на разговори, како некоја измачувачка сила во нас да не ни даваше мир а ние сакавме да ја исфрлиме од нас со зборовите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Пролет е“, се обиде да ми објасни. „Ќе ни се вратат штрковите во големи јата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И конецот почнува да гори, да се собира и да мириса на присмадено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На моменти тие се собираат толку многу што ти се чини дека ќе се судрат, дека по овој воден пат се влечат многу повеќе бродови отколку автомобили по нашите патишта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На Петрис уште повеќе му се собираат наборите на челото и му се кинат небаре бранчиња вода што се кинат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се собирам ко кожурец.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еден килограм розово масло се собира од 4.000 кгр. ружи, а се продава по 1.500 долари килограм.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се раздрма народ, некои почнаа да се собираат на купчиња; тие што беа по на крајот се измушнаа и избегаа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Идните воденичари се собирале зад својот челник и молчеле, тој меѓутоа зачекорил со вкочанет врат и со крвава крпа околу главата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Читав: „До уважениот везир, славниот мушир уредувач на светот, предострожен управител на општествените работи со прониклив ум, извршител на народните работи со правилен суд, градител на темелите на господство и среќа, кој ги зацврстува столбовите на среќата и сјајот, окружен со милоста на севишниот владател, до муширот на Румелискиот ејалет, мојот везир Ахмед Мулаим-паша - севишниот бог да му го продолжи господството, и до одличниот правник меѓу наибите, наибот на Монастирската каза - да му се умножи знаењето, кога ќе стигне високиов царски знак, нека се знае: Во бовчата за џезието во Монастирската каза отсекогаш имало по 98 листови од горна категорија, 950 од средна и 162 од долна категорија, вкупно 1112 листови на џизието, што се распоредувале на рајата, населена во споменатата каза, и нивниот износ се собирал од споменатата раја по утврдена процена.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Овде вчудовидува бројот на луѓето кои мислат сами, кои пеат сами, кои јадат и зборуваат сами по улиците. И покрај тоа тие не се собираат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ниту на училиште, ниту навечер кога се собираа пред влезот, малку да се растрчат - а воздухот беше стежнат - метеоролозите навестуваа и во септември високи температури. ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И денот и ноќта ни станува помрачна и повеќе мрачнина и мачнина се собира и боли чемерот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зад нив под месечината остануваа да се црнеат една зад друга нивните изорани крвави траги, по кои подоцна, како уште пострвни мршари, се собираа и го јадеа сиот тој снег, само најстарите и најбессилните, на кои годините и раните, што им течеа, не им даваа да се понесат на танецот на тоа виорно, крваво оро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ничкосаниот чун пред куќата му служеше како маса: на него јадеше, на него пиеше, на него риби чистеше, грав требеше, зелки сечеше; отпадоците им ги фрлаше на гуските во езерото, кои, кога ќе го видеа, се собираа од сето село; тој им ги фрлаше отпадоците в клун и им велеше: „Лапни ми, да си ми здрава - дур' не ми паднеш в тава“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Има такви места на човечката става во кои се собира зла крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ништо, јас така само си се собирам, ко гасеница во кожурец и молчам. Си ги подголтнувам зборовите, навредите, сѐ. И се кинам од работа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На масата пред мене, заради ваквите цртежи исцртувани во часовите на немоќ за јасна мисла и точен збор, се собираа купишта листови и сето тоа подоцна ми создаваше дразба, некој вид иритација, а на целата соба тие чкртаници ѝ даваа изглед на растуреност.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А тие, кривејќи, влечејќи се и плачејќи се собира крај џадето и оградата и, бришејќи си ги солзите, викаа: - Добар пат! - Сто кало!"/>
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
По куќите, по дворовите каде што го водеше, се собираше сето село; во некои куќи ги криеја децата да не гледаат, а некои жени ги покриваа очите со раце кога бикот ќе си ја запотераше својата работа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
За Авни, во миговите додека го пишуваше писмото до Сања, за да ѝ каже дека ја сака и дека секогаш ќе ја сака, беше сосема јасно оти влетал како граблива птица во час на вознес на еден посебен свет за кој не може да тврди разумски, но за кој во неговите гради се собираше клопче со разнобојни конци од чувства изврзани за тоа суштество што под неговата сила истовремено испушташе глас на зрела жена што раѓа и глас на штотуку родено дете.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Денеска тој, утре ние, велиме и се собираме, се смалуваме. Мислиш и главата ти е смалена од студот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Широкото чело му се собираше па се отпушташе низ новите бразди на обликот на мислите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Секоја приквечерина, сѐ повеќе набљудувачи се собираа околу дупката и ги кажуваа своите коментари, своите совети и предвидувања.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ако се собират доброволни прилози од луѓето, еве и јас давам прилог: амајлија со скапоцен дијамант...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И стаорците што се стаорци најмногу се собираа и до бесвест скокаа и бревтаа баш под онаа мома која испловува на школка, пред да никне првата розе грмушка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ама сега не во улицата туку во населбата каде што приквечер се собираат луѓето да си поприкажат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Не вревете, Атињани“4 јавните места, амфитеатрите и пантеоните ги имате за провод и лесен живот за парење и галење слугите не се за отфрлање ни робовите, млади и помлади не сте вие, граѓани од неслобода засегнати од немаштија и немоќ, напротив вие гласате, беседите, мезетите вие освојувате и патувате наследувате и ќарите мажи многубожни и безбожни дури време е, скрасете се доста пребиравте меѓу реториката и политиката меѓу мантиката и математиката во вештини, о самољуби, доста се огледувавте се наттрчувавте и надмудрувавте заговаравте и преговаравте недоветни доста се правевте: сиромашните се собираат по плоштадите агорите и аулите првин тивки и потем бучни првин слаби потем силни првин малку потем многу!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Како што во една држава има државен центар, којшто најдобро е да се наоѓа во средината на државата и кон којшто се собираат сите конци од државниот живот, исто така и во јазиковните или областите од сродни наречја треба да има еден центар, којшто по неговото значење треба да се однесува кон периферните наречја и говори така како што се однесува центарот и престолнината на државата кон крајните окрузи и околии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Јакове, рекло едно од неговите деца што се собирале околу него. - Стасај ги, исколи ги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега луѓето се собираа од двете страни на селото и тргаа кон центарот, кај големиот мост, каде што се и двете продавничиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се собираат и капат ко црни сливи, шупливи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
кај станицата синџуку во токио тој петок, да беше петок, се собираа педери кои во јазикот на новото време се именуваат како хомосексуалци а нивните паради се именуваат како геј паради и навистина чиста случајност е што токму во геј улицата близу станицата синџуку во токио имаше многу бездомни кучиња, мала парада на бездомни кучиња кои никаде не брзаат а дишат испрекинато и кога зјапаат во минувачите и кога се клецкаат, да простите близу станицата синџуку се наоѓа градската куќа на токио вообразена и вообличена како бетонски нотр дам баш тука како да се разминав во врвулицата со професорот кензо танге арно ама не стасав да го поздравам од пријателите од скопје професорот кензо танге кому во токио сите му се поклонуваат сигурно горчливо ќе се насмевнеше ако успеев да му го спомнам скопје тој и онака севезден се смее, се смее и на легендата дека токио и цела јапонија се создадени од божјата насмевка и онака низ смеа професорот кензо танге кај станицата синџуку во токио шутна една празна лименка од пиво а знаеше дека го шутира испиеното минато како што знаеше дека син му кокомо кога тогаш во токио ќе сади нови јајца и на врв јајце ќе се насладува со цедени насмевки и ќе ја ишка секоја идна катастрофа пред да удрат ѕвоната на бетонскиот нотр дам.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Така при запалени боринки се собиравме во една одаја сите што бевме останати во селото, ги одврзувавме црните шамии, врз нив ги стававме кадрата на нашите дечки и ги гледавме, им шепотевме, а тие само не гледаа и не гледаа, а ние со шепот им зборувавме и со лесен допир, со прстите им галевме образи и чела, со болно навлажнети усни им бакнувавме очи, а тие само не гледаа и само молчеа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А поминатата ноќ можеше да биде само онаа нишка, околу која, како во процесот на кристализирањето, се собираше сѐ за тие луѓе, кои тој сега ги гледаше од сите страни и во сите времиња и сега веќе горчливо си се потсмеваше себе си, кога ќе помислеше на својата самота, онака папсан од смеењето и испразнет од неговата експлозија.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Навистина почнуваше пролетта. Низ прозорецот без стакло бапна мирис на шума и цвркот, од некоја црква се огласи со сребрен глас старинско ѕвоно, ме опи со чад на темјан, ме растрепети со топлина и со сеќавање на песна што сум ја слушал во свадбарски утра од Богдан Преслапец и Блаже Задгорец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Овде комшиите не галамат, не се дерат по улица, не мењаат уље на тротоар, не перат теписони на паркинг, не буљат у жена ти и ќерка ти, не тресат теписи на тараби, не се собираат на купчиња у недела од сабајле... Не постојат ни маалски ѓурултии.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Не, со жена му немав ништо, ама кај неа се собираа семсекакви жени, не знам со што ги намамуваше, ама кога да одев кај неа наоѓав и жени, и вдовици и девојки.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сѐ додека сета таа развресканост не почна да се собира сѐ околу еден чуден, можеби и недостатно осмислен, но и највистински повик, што имаше тој да ѝ го довикне на морничавата сивина: - Дај луѓе. Даааааааааај лууууууууууууѓеееееееееееееееееј...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бавно се подигаат градите, се слуша тешка воздишка, а потоа со јазичето си ги навлажнува испуканите усни кои притоа се собираат во болен грч.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но штом Столпник ќе добиеше слободно време, одеше крај реката Мајна и ги гледаше сликарите што тука се собираа и цртаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Живиот за живиот немал почит, исламскиот полумесец стоел високо над крстот како гола сабја со крвави рабови, крстот бил натопен со отров.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ќе зарикаше бикот, децата истрчуваа од дома и се собираа на местото каде што се колеше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ние децата на самракот што меко легнува во ходникот Ние што ѝ тежиме на тежата на земјата Ние што љубиме од љубопитство Ние што не признаваме владетел во зборот формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на паднати борци со шестари в раце Ние со центарот в срце Ние избодени од игли Ние што кротко се собираме во црно-белата слика Ние од портретот групен формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на ветрот со очи во темната шума Ние громобрани на очајот развлечени во поворка Ние што подаваме рака над космичката постела Ние - тајната на светот формираме Независна Илегална Единица Пророк
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Можеби дури и брат ми го пратиле да нѐ побара на Млечен (така ние накусо го нарекуваме просторот околу Млечниот ресторан каде што лете се собираме ние децата од околните улици), па ако се вратил и ако кажал дека таму никој не нѐ видел попладнево, ќе биде голема паника.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Луѓето од Езерец уште од зори се приготвуваа да одат во манастирот, да му запалат свеќа на светецот, да му се помолат и да купат нешто на панаѓурот; во селото врвулица: излегуваа луѓето од куќите, се меткаа по дворовите, се собираа и тргнуваа; секој носеше по некој дар за манастирот: овца, коза, теле; тие што немаа добиток, плачки: кошула, риза, чорапи, бовча, шамија; рикаше добитокот по патот, луѓето се довикуваа, се причекуваа да одат заедно; помладите одеа пеш, а постарите и децата качени на коњи или магариња; некои одеа со чунови по езерото во кои имаа изнаредено плачки за спиење и храна - сето личеше на некоја преселба, збег.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Е-е-е!!! - се разлеваше, а мене во ушите ми одѕвонуваше: Кире-е-е!!!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Вечер ќе зобаш - тоа ли? Добро, околу куќава има трња. - Вечер ќе дојдам кај тебе. Чекај ме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За време на неговиот патронен празник, Свети Арханѓел Михаел, во нашата прва куќа во Куманово, која ти ја знаеш и си стои жива-здрава на своето место, во центарот на градот, се собираа голем број гости, како за Божиќ, така и за Велигден.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Како и други Словени кои своето образование имале можност да го добијат во Византија, се школувал во Солун, каде што се собирале познати личности.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Многу често дискутиравме за тоа зошто нормалноста и лудилото се како два различни света.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
____ 1 Така се вика големата шуплива дрвена цевка во која се собира водата во водениците, валавниците и сл.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А орлиштата се собираат да ги пречекаат, секако овде, над нас. Знаеш ли сега зошто?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Многу време замина и болката почна да му се собира горе на главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во овие кафеани дните ги минувал и Тин Ујевиќ. Во нив, меѓу двете светски војни, се собирале сите револуционери и модернисти.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се наведнал и не можел да го голтне отровот на јадот што му се собирал лепливо и чемерно околу катниците. Молчел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ќе ја допрете амебата таа се собира; таа чувствува, не зборува, но чувствува.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во шеесетите години на минатиот век во Струга, на брегот на Езерото започнаа да се собираат значајни поети првин од Македонија, па потоа од Југославија и на крајот од сите континенти на чудесни читања песни на мостот на истекот на реката Дрим, која се влива во Јадранското Море, на претставување на славен поет во Катедралната црква Света Софија во Охрид, на средба крај манастирот Свети Наум, на самата граница меѓу Македонија и Албанија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Марија „крената на облак“ е Богородица на Вознесението и, навистина, како во традиционалните иконографии поврзани со Вознесението на блажената Девица Марија, „Големото Стакло“ е поделено на два дела, земен и небески: на горната половина, облакот со трите квадрати (облакот на Светото Тројство), ја прифаќа “mariee” или “Marie”; на долната половина паралелопипедот во перспектива (во средината се наоѓа Марија која се вознесува), потсетува на празен саркофаг од сцената „Вознесението на Марија“, околу кој се собираат сите присутни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Јавната сфера се состои од два главни дела: органите за информирање и политичка дебата (весниците, списанијата, памфлетите); и институциите за политичка дискусија (парламентите, политичките клубови, литературните салони, кафеаните, салите за состаноци и другите јавни простори каде луѓето се собираат за да дискутираат за јавните работи и да се организираат против арбитрарната и опресивна државна моќ.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
- А јас, ете, верувам, рекол Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ние зборувавме: „Да се биде луд е исто што и да се биде во опасност, да се прави обид да се викне за помош, а никаков глас не може да излезе од устата – грлото се напрега, и јазикот, и усните, а сѐ е попусто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Очите ти се собираат, ти се затвораат ко склопци. А и да се пулиш, ништо не гледаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И денес овде се собираат попознатите француски интелектуалци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мајка ми и другите гостинки се прибираа во собата што гледаше кон клисурата, а татко со другите мажи се собираа во собата со дебели ѕидови и со подвиснат таван, со голем шпорет на дрва.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се собираа и се собираа луѓе, мислиш цел народ тука се собра.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Овде, на брегот, пред големата врата на животот, зачнаа и моите големи пријателства со кои мојот живот и пишување добиваа нова смисла во моите спротивставувања на балканизацијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Захаријадис, се чинеше, го дочека денот, овој критички ден, за да го каже тоа, што во него одамна беше созреано, што тлеејќи, се собираше и навираше.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Старите, дискредитирани водачи на Партијата имаа обичај да се собираат таму, пред да бидат дефинитивно погубени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ко клапче ми се собира овдека...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На стар човек и новото алиште е старо, вели дедо, а околу очите му се собираат брчки ко бранчиња вода.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нечистотијата се собира под ноктите и одовде: „Колку црното под ноктите“ - во значење на некое мошне мало количество, но во јужнословенската екумена фразеологизмот се појавува во мошне скратен облик: „нокот“ или „црно“; во делот од западното словенско население квантитативната вредност на црното под ноктите преминува во експресивно-квалитативна оценка: кој има црно под ноктите, тој има грев на душата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сиот шут се собирал на едно место и така израснал ридот, денес озеленет, кој по ништо не потсетува дека е создаден од урнатините на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Потоа неколкупати еднаш месечно се собиравме во Големата сала на Гнездо, доктор Гете прашуваше што е за нас лудилото, а ние зборувавме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зар ме заборавија, си мислам и се собирам некако да станам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
кога ќе испуштаат душа - кожата им продолжува и понатаму да им поигрува, да се тресе, како под неа да јураат ситни бубачиња со голема брзина; другите ајвани, пак, коњите, магарињата, маските, ждребињата: пред да паднат, да се стропачат на земјата, се тетерават à наваму à натаму како пијани, како бунило или треска да ги зафатило: одат па се повраќаат, тргнуваат кон една страна, кон друга, се завртуваат во круг, и како пред нив да се отвора голема бездна, ги опнуваат нозете во земјата, се потргнуваат газум-газум и паѓаат; кога ќе треснат на земјата, продолжуваат со главата да мавтаат на сите страни како да сакаат да скинат некој невидлив оглав со кој се врзани, и удираат со предните нозе, гребат по земјата и, чиниш, си копаат гроб или кинат нешто што ги сопина; испуштаат душа со подзината уста, со искривена муцка, со пуштен јазик, со очи смигнати или отворени и рогливо извртени; над нив се собираат сите птици, сите кучиња од селото; дрпаат и завиваат; луѓето ги слушаат, се ежават и ги колнат: главата да си ја изедете!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На плоштатката Тертр на Монмартр ШТОМ сум во Париз, наоѓам време за Монмартр, за онаа плоштатка, кај што се собираат сликари од цел свет - за свои доживувања и за парче леб.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сѐ поретко ја гледав Клара. Таа повеќе не доаѓаше во болницата, ретко ја посетуваше Сара, кога доаѓаше кај мене мајка ми секогаш наоѓаше некој неубав збор за неа, и таа не се чувствуваше добредојдена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зашто, веќе и така се слушаше дека во Блатието се собирале некакви ајдути и дека турската коњица таму везден патролирала.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А маглата, ту се собира, се затестува, ту се танчи, се разредува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По нивното запознавање јас никогаш не зборував со Сара за брат ми, ниту со брат ми за Сара; само чувствував колку исчекуваа да дојде среда, денот кога нашите врсници се собираа во салонот на Берта, а Зигмунд и Сара остануваа уште долго во нејзината соба, и јас останував покрај нив, како сведок на она што го премолчуваа, и кога знаевме дека собирот во салонот на Берта привршува, тој, таа и јас се качувавме на горниот спрат, се поздравувавме со гостите, го слушавме благиот прекор на Берта што не сме ги удостоиле со своето присуство. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со првата ноќ пак како во почетокот на патувањето се собирале околу огнови, не како некогаш - да раскажуваат доверливо што било во минатото, со што сакале да ги сокријат грижите за утрешнината, не, не, туку да се отворат загрижени еден пред друг за иднината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бидејќи директивата едногласно беше прифатена од селото, на дневен ред дојде да решиме како ќе се собираат кучињата, каде ќе се тепаат, и кој и како ќе ги убива.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сиот простор и сета ноќ се собираа и се повлекуваа, изгинуваа пред три испреплетени писоци, пред дивината со која нагрнуваа, од ништо несмекнати, јалови и пусти.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се собираа луѓето и секој по нешто предлагаше, но не помагаше: рикаше, завиваше како борија.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во исто време, забрзано расте бројот на оградени заедници и згради со контролиран влез, или како што истакнува Антонио Негри: „издигнувањето на ѕидовите кои ги оградуваат зоните каде сиромашните не смеат да влегуваат, дефинирањето на просторот на гетата каде очајните на земјата можат да се собираат, дисциплинирањето на линиите на транзит и 57 Gary T. Marx, “Some Conceptual Issues in the Study of Borders and Surveillance,” in Global Surveillance and Policing: Borders, Security, Identity, ed. Elia Zureik and Mark. B. Salter (Cullompton: Willan, 2005), 14. 44 контролата која го чува редот, превентивната анализа и практикување на задржување и прогонување на можните прекинувања на кругот“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Постојано селаните се собираа и се чудеа на начинот на кој се хранеа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Веќе следниот миг се слушна како вагоните во тунелот сопираат, како експресот ја губи силата, како не може да го прониже тунелот, како папсува; а само миг потоа, од тунелот истрчуваше машиновозачот, млад човек со брада, ќелав, влакнест во рацете, избезумен, и нешто викаше; излегуваа од вагоните и многу луѓе, цел град, цел еден свет; се собираа под покривот на мостот, под мрежата со згаснат напон и гледаа во јагленосаното тело што лежеше на мрежата; некој се онесвести, а некој друг повика: „Каде е жената?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Ќе те чекам со чеканот на маж ми што го исклоцаа за да се собираат во кундале над мојава глава, се разгневила.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ми се крева кожата и ми се собира, ми се стегаат крвните садови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние со Наталија само се смалуваме и се собираме онака настрана.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бидејќи чешмата тече по малку, а само една е во селото, затоа се собираат на неа уште од ручек да залеат за вечер, а од полноќ да залеат за ручек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
II Пролетното сонце веќе заоѓаше над планината и околу него се собираа некои црвени облачиња што носат кучешки ветер.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со даноците кои ќе се собираа од 100 000 курви сите ќе живеевме као у Калифорнија. И волкот сит и овците поебани.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)