По одржани само две рочишта за главна расправа, кон крајот на октомври 1997, судот донесе позитивна пресуда со која се усвои тужбеното барање на тужителите4 – и се поништи Одлуката бр. 03- 257 на стручниот колегиум на тужената страна, како и Одлуката бр. 02-329 на Управниот одбор на МЦ, со која првичната нелегална одлука беше потврдена (обете од март 1994 год.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Беше готово да се усвои идејата на сите нивоа во градот и во Републиката, но не ги издржа критиките на партискиот врв и власта во Федерацијата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во замена за тоа, ако еден народ добие политичка слобода или се исполни нешто друго важно за народниот живот, без негово или со мало негово содејство, тогаш кога кај него нема уште изработени народни идеали или ако се изработени не се усвоени од сите членови на народот, тогаш, во таков случај, народот не ги цени народните идеали и, како човек без определена цел и програма за работење, се фрла ту на една ту на друга страна, правејќи го тоа не затоа што е убеден оти така треба да биде, ами затоа што гледа дека има околу него луѓе што постапуваат така или инаку.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
3 За времетраењето на спорот не беше изречена никаква „времена мерка“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)