се (зам.) - чука (гл.)

Ама, ела зло без тебе полошо! Само гледај побрго: дури е жешко железото се чука.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не сака ни велење оти како ќе речам јас (Се чука по гради).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
За чест кој ми прави душа си давам. (се замислува и после се чука по главата).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ете така, а сега да немам ни дрвце да си сварам уште едно грне грав. (се чука по главата) Ами, будаличко, го тргна грнето, тури им веднаш вода- изгасни ги.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ко некогаш не е во моето село, - снопје да се чукат со лескови вили, - растат нови луѓе, иде нова смена, - ко в приказна чудна селото се мени!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Полјакот се чукаше по главата и мрмореше нешто неразбирливо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
ИВАН: Не грижи се. (На вратата се чука. Влегува Методи.) Што е?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во гумното Вендиоско житото се чукало на земја, и само се веело. Се отсејувало.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)