себе (зам.) - не (чест.)

Тоа секако не значи дека деконструктивистичкото искуство не е, не применува или во самото себе не подразбира некаква одговорност, ниту било каква етичко-политичка одговорност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Можам сѐ...сѐ да направам, но од себе не можам да побегнам...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Брадарите се чуваа во гостинските одаи, сѐ додека сами од себе не се растуреа, а крчмарката, за среќа и бериќет, од главата на домаќинството добиваше на подарок огледало, белило и црвило.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Има кај нас некои обичаи што сами по себе не се лоши, ниту некој помислува дека не чинат, а сепак од нив може понекогаш да произлезе незгода.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Никој не го испрати сѐ до излезот од селото - затвор. Оди пругоре и зад себе не погледнува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Едноставно голтаа сѐ, а тоа што го голтаа не им нанесуваше штета затоа што зад себе не оставаше ништо, исто како што зрното пченица минува несварено низ телото на птицата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со срце ѝ платив Во себе не се вратив Небаре божјак беден До изворот Жеден.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Виктор се стресе, зад себе не ја гледаше својата нова пријателка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А пупката, која ја гледаше пред себе не сакаше да ја скине.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Грешката на природонаучниот сциентизам е во тоа што ги претвора личностите во предмети, со попредметување коешто само по себе не претставува вистинска природонаучна постапка.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Дека во себе не можеш да задушиш нешто што е посилно од тебе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Јас, откако знам за себе не сум пропуштил ,па било во турско, во бугарско, во српско и во наше време.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
БОРИС: Ти мислиш јас не сум нормален. А себе не се гледаш.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Не ги отвораше очите и не јачеше. Тоа што го гледаше во себе не се одигруваше со него зашто тој наеднаш не постоеше за себе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Бев слаб и често со глава удирав во ѕидот, неретко поради тоа крвавев, но никогаш во себе не носев злоба, таква одвратна тежина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јас и Крмакот сами од себе не верувавме во Бога. Дури и се инаетевме кој помалку верува.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но просторот сам по себе не е исклучив. Просторот, всушност, сам по себе не постои.“ „А тоа значи, што?“
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)