секој (зам.) - сретне (гл.)

Знаеше дека може да изненади секој сретнат грм, дека не можеш да бидеш наполно сигурен што крие зад себе секој нов срт, секоја пресека, не сакаше изненадувањето да го прави поголемо, отколку што мораше да му биде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За да испровоцира разговор покрај чашка, пред писателите тврдеше дека Достоевски би завршил во лудница да не пишувал како лудак, пред драматичарите тврдеше дека Шекспир би бил убиец ако не ги напишел своите трагедии; а во секој сретнат познајник, на маса, меѓу чаши, гледаше свој можен, ако не иден пациент - што итроманите приближно колку него му го припишуваа како професионална деформација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)