секој (зам.) - врата (имн.)

- Над секоја врата наместиле ѕвонче, ми објасни тој.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Речиси пред секоја врата стоеја по неколку картонски кутии, па службениците со посебна сосредоточеност ги средуваа списите и документите растурени по собите и низ ходникот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Куќите градени од делкан камен и над секоја врата табличка која во зимскиот период, кога работи жичарницата и илјадници скијачи тука доаѓаат од цела Грција, нуди соби, разновидни специјалитети од домашната селска кујна, а најмногу повикува на грав и секакви пити.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)