Се измешаа така и се разделија на групи и секоја група бодињаше по една уличка, за да се сретне со друга во друга та да нема каде да се поминат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во прилозите за начин како најкарактеристични му се видоа заемките: бирдан, веднаш; ѓене, пак, повторно; сабајле, наутро; сефте, првин, прво; текрар, повторно, одново; тек-тук, ретко, одвреме-навреме, тук-таму.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски ги издвои најкарактеристичните примери од секоја група за на крајот со Татко да одлучи за нивната судбина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ако продолжиме натаму можеме да ги анализираме овие две шеми на подшеми одговорни за примитивните придвижувања на секоја група мускули на раката и.т.н. [...] Во друга студија со Џејн Хил (Jane Hill), направивме попијажеовска работа.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Секоја група деца ја чекам, а јас нема што да пречекам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не велеа ниеден збор, тој остануваше само по неколку мига крај секоја нова група, онака заздишен, кога ќе ги видеше нивните избегани погледи тој уште веднаш продолжуваше понатаму, крај другите, третите, повторувајќи ги само оние свои пусти лудечки движења со своите раце, со тие огромни празни рачишта, навраќајќи по стотина пати во денот крај секоја група на тие темели, проклет.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А сепак, сите имаа разбирање за него и мислеа дека со нив ќе успее, секоја група, секоја тајфа, што го поведуваше да појде со нив, да се обиде уште еднаш.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кога нѐ подготвуваа за да нѐ носат, донесоа некаква одлука за секоја група од по 30 деца да има по една жена која ќе им биде како мајка.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Рабинот го фати под рака својот другар од школските денови и го однесе во другата просторија. Таму сѐ беше на своето место.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Под закрила на ноќта, наредните денови Евреите на Закинтос заминуваа во планините, секоја група со организирани предводници, семејство по семејство наоѓајќи прибежишта по домовите на најчесто непознати луѓе. Вечерта пред да замине со своето семејство на побезбедно место, рабинот Елеазар Корео побара да го види својот пријател од школските денови.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ајде, ајде на шербет ако остана – ги покани тој и сите ги наполнија канчињата и се собраа по две-три во групи да пијат шербет и да грицкаат од гурабиите, симидите и ѓевреците, шепотејќи секоја група за себе, за настанот со Анѓа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Секоја група ќе ја предводи по еден од вас, поради тоа што патот и приодите добро ги познавате и лесно ќе можете групите да ги протнете низ бавчите и оградите ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Но секоја група по нешто се разликува.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Отла забележа дека, иако се обидував да слушнам што им кажуваат жените на децата, зборовите минуваа покрај мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во просторијата во која влеговме десетици деца беа поделени во неколку групи, со секоја група имаше по една жена која им објаснуваше нешто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)