Требаше Хегел да ја „одухотвори“ материјата, нејзиното движење да го прикаже како движење на логичките категории, па да се дојде до поимот раѓање и настанување на стварите една од друга, и секое движење да се сфати како самодвижење, настанување, живот, како слевање на спротивностите.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Неколкупати се обидува да се сврти, да се преврти, да се фати за нешто, да се прибере, да застане на колена, да се исправи, ама со секое движење станува сѐ послаба, сѐ поистоштена и чувствува дека мракот околу неа станува сѐ погуст, дека ја притиска кон земјата, ја стега за грло, ја дави.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
На луѓето им остануваше да живеат - и живееја, по навика што беше станала инстинкт - со претпоставка дека секој произведен звук се слуша и дека освен во мрак, секое движење се надгледува.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Одеднаш и двете деца почнаа да скокаат околу него, викајќи „Предавник!“ и „Мислопрестапник!“ додека девојченцето го имитираше својот брат во секое движење.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сиот негов ум и тело изгледаше како да се зафатени од некаква неподнослива пречувствителност, од еден вид проѕирност, која секое движење, секој звук, секој контакт, секој збор што мораше да го изговори или чуе, го претвораше во вистинска агонија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Да ти покажам колку мрачни и застрашувачки можат да бидат, зошто секое движење на четката е непредвидливо, непознато скриено зад сенките.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Дозволими да ти испеам песна со ноти и стихови од животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Со секое движење и поглед околу себе ширеше позитивност, скриена во некоја енергија која плени. Ја поседуваше најубавата бисерна насмевка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Со рацете зад грб одеше помеѓу клупите ѕиркајќи во она што го пишуваа, под око следејќи им го секое движење.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Знаеш, како пловење на риба; таа со секое движење создава десетици водени форми низ тие бескрајно ситни бранувања, но таа тоа не го гледа, ко и ние целиов хаос од честички во кој сме.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Со колената притиснати околу неговата половина, го туркаше подлабоко во себе и ѝ се чинеше дека тој расте и ја исполнува сè повеќе со секое движење.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Депресијата ја мразам од дното на душата. Го убива човекот. Го претвора во лебарка. Го ограничува секое движење.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Сепак некоја идна капетанова ќерка повторно да повторно ќе ги засака огреаните тела на непостоечката дивина... едно пливачко попладне или дали еволутивниот премин од водата кон копното претходно подразбира ист таков напреден чекор во спротивна насока ...влези во водата зарем не гледаш дека крвариш се насмевнува тате секогаш во право потрчај кон лековитите бранови нурни се јас со силното татковско тело ќе те дочекам ќе те сочувам од рефлекторите го намокрувам стапалото поспано ме допираат водените стопрсти мојата црвена крв потечува низ нивните сината низ моите вени нагоре над коленото толку лесно не боли тато пази на сѐ риба сум малечка засолнета во устата на таткото поаѓаме по топлите струи кон југ кон југ кон југ... но што сега се насмевнува ако те исфрлам од утробата до кога ќе се сокриваш во мене до кога ќе бидеш глува слепа ме турка ме истуркува од себе немој врескам тој немилосрден е немилосрден е ме протерува пливај сама нуркај сама храни се сама љуби сама греши сама сама сама... повторно на брегот на карпите со сонцето на влажниот стомак го чекам да се врати од водите од подводните пештери да ми ја залеп левата шака на старото место потполно сочувана сите живци капилари мускулчиња секое движење стисок допир само тате да плукне на раната ќе се врати отсечената шака пак ќе су негова негова негова негова негова...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Од невидливиот челик, со секое движење на човекот, крцкаше четвртото ребро.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Од тоа првин почнаа сосема тивко да му потреперуваат мускулите на натколениците, за потоа тој трепет да почне да се всадува во неговите дамари и, па колку и да си го криеш и од себе си тоа, ова старче Језекил, сепак, она секогаш испливуваше во бледилото на неговото лице, при секој опорит и скочанет чекор, при секое движење, врзано од невидливите јамкишта и јазли на страот, кои го обраснуваа, обраснуваа и така прежилуваа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Остануваше, буден за секое движење, иако за тоа му беше потребен напор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше во својата тврдина од бетон опкружен на стотина метри од израелските блиндирани коли кои го следеа секое движење на претседателот на заробената држава Палестина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Остана во својата Муката (Рамалах) во последниот лавиринт од кој не можеше всушност жив да најде излез...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Лошо сраснатите нозе и раце предизвикуваа болка при секое движење.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ја запишувам секоја гримаса, секое движење, секој шум што ќе го направи; понекогаш го бележам и ритамот на дишењето.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Или како: лицето што го набљудувам во огледалото; свежината на вода на дланка; потполна сосредоточеност на секое движење; веселост во зборовите „глувче“; недофатлива трошка во устата; тело собрано во тилот; туѓ глас кој после подолго прислушкување го препознавам како свој.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Грдите жени, пак, за да го надоместат тоа, настојуваат да ја разубават внатрешноста своја, душата; го негуваат секој збор пред да го изговорат; размислуваат за секое движење што ќе го направат, за секој поглед што ќе го упатат.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)