секој (зам.) - доаѓање (имн.)

Куќите расфрлани насекаде без ред, односно беа изградени таму каде што се нашло малку рамно земјиште, низ удолнините и угорнините, но како целина селото со големите камени куќи беше глетка што при секое доаѓање во него ти предизвикува неповторливи чувства на восхит, убавина, исполнетост...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
При секое доаѓање кај Висар, учителот му носеше и цвеќе; му го носеше цвеќето синчец кое учителот го викаше „детско главче“; му го носеше него, бидејќи и син му ова цвеќе го сакаше најмногу.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Секое доаѓање на газдата за нив значеше нови незгоди, нови тешкотии.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)