ПРЕДГОВОР  Како резултат од маратонската транзиција настана ова дело,  Двоглед е опсервација на сè што е гнило,  Двоглед е приказ на цело сивило,  Двоглед го знае секое дувло,  Двоглед ќе види што е подмолно,  Двоглед е поглед на сè по ред,  Двоглед е поглед на цел усран свет,  Двоглед го гледа секој сончоглед,  Двоглед е поглед на мојот недоглед,  Секоја сличност со ликовите е намерна и нималку случајна.
               
             
           
            
            
              „Двоглед“
               од Горан Јанкуловски 
              (2011)