На влегување, сега без тропање, ја најде Неда сред куќи каде му мете на прасето и посегна да ја фати за образ, ама таа му ја турна раката настрана и му ја покажа големата врата откаде можеше секој минут да влезе мајка ѝ, и му рече само: — „Пст, мац! Не ваќај кај шо не си клала ота може да е жешко да се попариш!“ — И навистина старата влезе со заграб борина и едно столче.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Многу работи, каде и да се наоѓа човек и било што да работи, се случуваат одеднаш.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
“Нам Јун Паик: A Diary”, A Year from Monday, okno.mk | Margina #11-12 [1994] 181 О д есента 1965. користев осумнаесет или деветнаесет приказни (изборот се менуваше од претстава до претстава) како независен додаток за веселиот танц на Марс Канингем Како да поминеш, удриш, паднеш и потрчаш.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Седејќи на дното на сцената од страна покрај масата со микрофонот, пепелникот, своите текстови и шишето вино, раскажувам по една приказна секоја минута, пропуштајќи при тоа неколку минути не раскажувајќи ништо.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Очите твои ме гледаат со чудна боја... а јас само са плашам од смртта на мојата душа зошто љубовта не може да те рани и да ја убие душата на почеток, туку тивко, полека. дел по дел. во секоја минута од твојата неприсутност, ја одзема и ја носи некаде далеку.... дел по дел. во секоја минута од твојата неприсутност, ја одзема и ја носи некаде далеку....
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Како боли Секоја минута живеам од магијата на твојата едноставност... секој миг се надевам дека ќе ме допре твојата мила рака.. ќе ме погали и ќе ми дари мир во душата...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Додека има во Македонија почва за национални пропаганди, додека не се отстранат причините туѓите држави да имаат во Македонија повеќе влијание од самата Турција, до тогаш Турција ќе има само расход во Македонија, а не ќе има од неа никаква полза, до тогаш секоја минута ќе треба да се плаши да не ја загуби Македонија; а ако се признае официјално оти во Македонија нема неколку словенски народности, ами има само една одделна, ни бугарска ни српска, и ако се оддели Македонија во самостојна архиепископија, наеднаш Турција ќе се ослободи од мешањето во македонските работи од сите 3 соседни држави.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во него, мајка му седеше, исто онака како што имаше обичај да седи на парталавиот кревет со бела покривка, со детето обесено за неа, но сега во некаков потонат брод, длабоко под него и тонејќи сѐ подлабоко со секоја минута, но сѐ уште гледајќи угоре во него низ сѐ потемната вода.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На аеродромот во Лос Анџелес на секоја минута се спушта по еден авион.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
А што се однесува до Даниел, се чинеше дека тој сакаше секоја минута да ја мине со Рози.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Поубаво се поминува денот кога во секоја минута голташ по еден млаз светлина од ѕвездите на своето небо.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
И исто толку залагања околу тебе, за да договори кафе, по едно 17 пива испиени во 10 различни кафулиња по ул. „Македонија“ и пораки на мобилен на секоја минута дека, ете, тој е јаден, дека е беден, дека животот му е јаден и беден без тебе.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Забарикадирани по своите домови, христијаните секоја минута ја очекуваа смртта... 141
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Цел тој ден течеше многу, многу бавно, споро, секоја минутка, секоја секунда беше лесна како воздух, исполнета со најчудесните чувства на светот, но траеше дооолго, времето не минуваше, како да застана и така остана.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Требаше да се брза. Секој минут беше скапоцен.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Ете јас се чувствувам така секој ден, секој час, секоја минутка.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
А со секоја минутка ми станува се појасно дека и таа присуствуваше на онаа приредба на креатурите што се одржа минатата ноќ.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Во тоа, ние се убедуваме секојдневно, секој час, ќе речам: секоја минута.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тој никогаш тоа нема да го сфати ако самата влада не му даде раководни посочувања.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Погледнав во гробовите - ужасно: вода, и тоа каква вода! Сосем зелена и... па што натаму! Секоја минута гробарот со црпка ја исфрлаше.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Овој пат во третата класа погребуваа едно шестмина, меѓу нив генерал и госпоѓа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)