Затоа ние треба да се откажеме од секоја мисла за револуција напролет, уште повеќе што реформите ќе се воведат, зашто со нив е врзана честа на две големи сили што се во состојба да постават сѐ на своето, – и да се зафатиме за нова, т.е. културна борба, во која првото место ќе треба да го заземе прашањето за нашата народност и нашиот национално-религиозен развиток.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
На истото место кај што век и пол подоцна ја соѕидале Αγια Σοφιαζ лежи султанот Бајазит Втори кој загледан во летот на своите соколи подарени од Норвешка копнеел качен на бел коњ, украсен со златни узди и узенгии, да се види себеси како влегува во катедралата Св. Петар и како се упатува право кон олтарот во кој да го одмори својот бел коњ и тука да го напои и назоба...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
И, Европа дури им се потсмеваше на неговите соништа да го испади Исуса од црквата, Бајазит, со висок турбан и ретки дијадеми на главата, добро знаеше дека пропаѓа секоја мисла која престанува да се движи и затоа извика: вие, Европјани, не плашете се од мене туку од моите соништа и од мојата упорност плашете се...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Реши конечно да не чека ни миг. Ја потискуваше секоја мисла која како пречка може да ѝ застане на патот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Суштинската релативност на секое знаење, секоја мисла или свест не може, а и самата да не се покаже во јазикот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
„Можеби во Босна ќе треба да се предупредува човекот на секој чекор, во секоја мисла и во секое, и највозвишено, чествување да се варди од омраза, вродена несвесна, ендемична омраза.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Секоја мисла ми бега од зборот, не може да се состави.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И се понесе пак во таа своја распнатост меѓу лакомата, ненаситна пила и дебелите трупци, секогаш ни за еден милиметар непогрешиво присутен токму на она место, каде што беа неминовни неговите раце, а само по малку веќе отскокнат на другиот крај, постојано во срцевината на сите тие мигови, непроменливо, исто како овој незапирлив писок на машинеријата, со секое делче од себе, со секоја мисла, тука. Тоа траеше цела една долга зимна ноќ.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Затоа, за разлика од теориите на Дарвин и Коперник, моите ќе бидат применливи.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Теоријата на Коперник кажа што е човекот во однос на космосот, теоријата на Дарвин – од каде потекнува човечкиот род, но мојата теорија говори за тоа што е човекот во однос на самиот себе и во однос на другите луѓе, и од каде потекнува секоја мисла и емоција во човечкото суштество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)