секој (зам.) - одење (имн.)

Секое одење на пазар, Силјан, уште неслезен од коњ, прао ќе појдеше кај лебарниците и ќе земеше еден топол сомун ас екмек и ќе си купеше тан - алва, та ќе јадеше.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
О, секое одење по печурки разговор е со демонот на преобразбите Овидиева тема, протејски мерак подотворање на умот најава на оностраниот моќен сурат на стерната, стијата, привидот и тоа најмногу кај оние кои на овој свет се мислат свои на свое.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сега секој погреб, би рекол секое одење на наш другар, не собира тука, на испраќај, а испраќањето не е само испраќај, туку и потсетување и будење на многу размислувања. И во тоа има многу мрачнина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Секое одење на пазар, Силјан, уште неслезен од коњ, право ќе појдеше кај лебарниците и ќе земеше еден топол сомун ас-екмек и ќе си купеше тан-алва, та ќе јадеше.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)