Маката на другиот изгледа помала, како што вели еден од луѓето овде. Секоја планина си ја носи својата тежина”.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Секоја планина - своја тежина!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Секоја планина - своја тежина! Ама нив ги сплотува една планина и едно езеро.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
„Барем таквата неволја да не одмине!“ - реков на глас!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„На секое моме може да му се случи!“ посакав да речам но одмавнав со раката.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Нели е речено дека секоја планина си ја носи својата тежина: и поголемата, и помалата“, се обидов да ги корегирам сфаќањата на мојата поубава половина. (А сето време потплукнував, скраја да е од нас).
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Баба ми вели - Секоја планина своја тежина.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ќе биде интересно да се споредиме, старите велат: Секоја планина - своја тежина!“ заклучи Томе.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„На паното ќе отвориме нова колона и ќе ја наречеме- Секоја планина - своја тежина! - и таму ќе ги објавуваме добиените писма.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Сево што го разгледавме да се објави во новата рубрика - СЕКОЈА ПЛАНИНА - СВОЈА ТЕЖИНА - се разбира, во скратена форма, а исечокот од „Колибри“, целосно да се истакне“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ќе речете - немам проблеми со аерозагадувањето - ама - Секоја планина - своја тежина!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
12 На состанокот го прифатија предлогот на Нина новата рубрика на паното да е под наслов „СЕКОЈА ПЛАНИНА -СВОЈА ТЕЖИНА!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Извињајус“, додавам и го оставам среде масата шишето.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Сепак постои кај нас еден така да речам убав збор: секоја планина си ја знае својата тежина“, велам јас и веднаш замолчувам.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Мајчина душичка
- упатство за чај –
Се пие вудве или насамо
но не претерано често
се зоврива, по правило покриен
во земјени, бронзени или керамички
садови, дома
во таа топла и задимена чајџилница
на прекипнувањето:
преку, отаде, и пред тоа, и потоа;
потпивнувај, загревај се
додека е жежок
додека си желна
шмркај, шмукај (наши сме)
напари се
задржи го колку што можеш подолго
в уста, шлапкај со јазикот
миризливоста, сладоста
и краснописот на длапката
да ги сети-ш;
дотурај пополека, измешај го со лажичката
желба за чај – жалба за младост
секоја планина – своја падина
потсркнувај
чај – Бах
чај – Жар
чајни печива
мед и путер;
чајот не се пие од-нога
пиј кроце, голтка по голтка
г’тка по г’тка
меѓу редови.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)