И дека еден ден тоа ќе служи за разонода  На широките народни маси  Евентуално и како рекламна порака  На некаков вињак произведен во Загреб  Знаеше не дека не знаеше Цезар и за Брут  Ама напати не сакаше да знае дека знае  А тоа несакање си има цена  Секое сакање и несакање си има цена  И од тоа може да се направи еден огромен ценовник  На империјалните сакања и несакања  Може да се направи и цела историја  На зголемувањето на цените на главите на императорите  Од Цезар до денешни дни
               
             
           
            
            
              „Сонот на коалата“
               од Ристо Лазаров 
              (2009)