секој (зам.) - сочинение (имн.)

Најважното нешто во секое сочинение за оној кој кон уката на крадењето се стреми...“, рече и не доврши. Оти времето не беше дојдено.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Почетокот на секое сочинение е најтежок“, ми велеше ноќта пред да се искачи горе. „Тој обично се плаќа со живот. Првата реченица во секое сочинение е најопасна, а зборот прв најотровен“, велеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И сите бевме задоволни: Лествичникот пак Писмородец стана, престана да ме бие, логотетот се умири, и сите слова само едно значење добија, само една душа во секое сочинение се настани. И сите исто гледавме, и јас еднакво.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)