Кулите, и ден-денешен го имаат тогашниот изглед: надвор немаат балкони и покриени се со старовремски ќерамиди; внатре, пак, на најгорниот кат, имаат една единствена одаја со четири, на секоја страна по еден, големи шимшир прозорци и камени поѕидоци - миндерлаци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во земјата што се распукна се скрши и кичот, како дел од нејзината монолитна идеолошка стратегија: секоја страна од урнатините ги извлече соодветните делови и ги залепи во своите нови стратешки чудовишта.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И се собирале, се собирале, се собирале од секоја страна, од Лисабон, од Солун, од Тирана, од Цариград, од Бон и од Пешта - додека не дошол некој со голема клешта.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Брзо се свртеа назад, ги вкопаа погледите во сувиот ѕид налик на несмасен оџак, со по една камара од секоја страна и со главите собрани во рамениците брзо почнаа да се крстат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Лифтот многу личи на оној во твојата зграда – облепен со шест издолжени сиви плочи, споени по две од секоја страна.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Се наведнува да ја дофати, а од џебот му испаѓа гумената фигурка на оџачар што колешката Вања му ја даде за среќа.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Во последниот дел од вечерта како модели за најсвечени пригоди беа прикажани и тесни црни или темно лилави фустани кои многу јасно ја истакнуваат женската фигура, горе затворени со набор од копченца од страна, со косата собрана во завиткани локни на секоја страна и високо дигнат тесен шешир со две,три или четири машнички од страна.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Беа дебели, сурови праќе од бука, два, по еден од секоја страна вдолж по неговото тело.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Францускиот ми импонираше, го имаше скоро на секоја страна од Војна и мир на Толстој.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Потоа почна да дава команди: мирно, слободно, налево, надесно, и одеше да гледа од секоја страна дали стројот е рамен.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Никогаш не ми се случило да бидам пијан!...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Имам две тетки кои ме смачкале од секоја страна... Ги одбутнувам...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сѐ уште сум пијан... Одам, се забележува, на криво... Луѓето се чудеа...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)