секој (зам.) - страница (имн.)

За претходните генерации се верувало дека не го разбираат светот толку коректно и потполно колку што го разбираме ние.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа може да се најде, на пример, во неговото асоцирање на германското Ich (“јас”)19 со хебрејското Ish (човек).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бидејќи тие исто звучат (за него), во неговото поврзување на А од différance со пирамида,20 или во целосната структура на неговиот Glas: секоја страница од неговата книга содржи нееднакви колумни текст, едната за Хегел а другата на Џин Женет, кои понекогаш се чини дека се поврзани една со друга а другпат дека се целосно раздвоени.21 Со модернистичката недоверба во здравиот разум и предрасудите е поврзана одбојноста кон авторитетот и традицијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А на секоја страница сѐ нова слика а и друго е напишано под неа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Така со часови, Вера, продолжуваше да си ги каса и корне усните, да ги грицка жилите околу ноктите, да ги корне мозолчињата од челото, додека незадоволно ја превртуваше секоја страница, по веќе не знам кој пат само ... и само за да го најде она што би ја задоволило, што би ја направило горда дека, ете, таа ја согледува неговата големина, чувство што веројатно, макар и за момент, би ја поистоветило со него - нобеловецот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Неверојатни беа нејзините прсти... како линии светлина врз секоја страница што ја минуваме... Би ги лижел... Би ги смукал...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во големиот врзоп записи речиси секоја страница била некогашен празник, потрага по неколкуте рајски мигови на одложеното откритие на бараната порака во непознатите страници на книгите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Почитувај ги белините на секоја страница. Остави ја птицата на небото.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И затоа од секоја страница на својата книга за Мојсеј, брат ми како да крикнува: „Ни тој ниту пак јас сме Евреи; јас сум, како и тој, самороден водач и пророк!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вечерта на оној ден кога нашиот брат засекогаш замина од Виена, моите сестри тивко зборуваа дека сега е најважно тој од Лондон, со помош на своите пријатели, што поскоро да ни овозможи да заминеме и ние.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)