Со тоа како да си наоѓаше оправдување што го напушти проектот чија смисла на постоење се разгоруваше при секој толкуван збор со Камилски со потекло од времето на Османската Империја, и сега посебно од зборот касмет.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Така Хантингтон ја гледа иднината како судир на повеќе различни цивилизации (според него, тоа се Западната, Православната, Исламската, Латиноамериканската, Африканската, Конфучијанската, Будистичката, Хинду и Јапонската).9 Идните судири и борбата за превласт, по негово мислење, нема да се водат помеѓу одредени држави или етнички групи, туку помеѓу одредени култури (бидејќи секоја цивилизација е носител на одредена специфична култура).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Секоја цивилизација имала свои зандани, кои на Балканот биле уште помрачни, поужасни, поварварски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко во комплексното значење на касметот, како судбина, како фаталност, имајќи го на ум постојано својот ракопис за Историјата на Балканот низ падовите на империите, извлекуваше поука дека природна судбина на секоја цивилизација на Балканот била да се извиши, потоа да се распадне и на крајот да се разнесе во прав.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)