Наводно, климата каде што живееја не им беше поволна, па не можеле да се размножуваат, да работат и да си постојат како што беше случајот со нас, обичните луѓе.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Можеби никогаш не си постоела.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Беше и една пеколна тиштина, зад која што од сите страни продолжуваше да си постои онаа раздвиженост; тој сега го носеше и тоа како уште поморничаво бреме по угорницата, го сеќаваше како го дебне од зад секое дрво, но продолжуваше нагоре.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сцената си постои, артистите си постојат, јас не сум ни сценарист, ни режисер, а сепак, чувствувам некоја одговорност, божем јас сум тој кому ќе му замерат за поредокот на сета вселена, за хаосот и за редот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ти ќе бидеш уништен за минатото, исто како и за иднината. Ти никогаш не си постоел“.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)