Љубопитен поглед низ клучалка ѕирка Звуци што ме потсетуваат на една дамнешна свирка Ренесанса и Барок во учебник со илустрации Птици и чкртаници разни гледам – опадната креативност душава ми ја дразни Празни зборови празна палета Пораз на мојата неоправдана суета Бог, мислев друга судба ми креира Но играм впрочем како што ми свират Си честитам – постигнав судбина на марионета 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Ајде да си честитаме!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога излезе од колата, во ноздрите го почувствува чистиот воздух освежувачки му ги наполни градите, почувствува радост поради којашто си честиташе што реши да се искачи на Водно.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)