сиот (зам.) - живот (имн.)

Ако свикнувал со мислата за смртта во текот на сиот живот, помалку би ја барал светлината на крајот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ја носи во очите сиот живот таа слика и во сеќавањето го носи она насетување и стресеност на животинче, кое иако првпат го видело она нешто и, иако без ука, знае дека е тоа птицата на страста и сладоста.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тука се одвива сиот живот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мојата мајка ја оставија, како невеста на мојот татко, на брегот од Езерото, сиот живот да копнее,како птица отфрлена од јатотото, за небескиот лет кон Цариград.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А Татко, кутриот, сиот живот се навикнуваше и никако докрај да се навикне на три различни писма.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Де Квинси, поради неподносливите болки во стомакот, од кои страдал речиси сиот живот, почнал да зема лауданум уште од младоста.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа му го занесе срцето, му го маѓепса умот, му стана центар и значење на сиот живот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Состојбата ѝ ја изостри свесноста за интензитетот на животот околу неа, за чудото и предвременото зреење на сиот живот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Професорите од жолтата гимназија, луѓе сиви и без разбирање за сиот живот околу себе, и жителите на безизлезната улица, ситни во своите страсти за кои најголем настан по некоја светска војна беше апсењето на стариот Адам, не ми беа разбирливи, во нив не го видов она што е спротивно на злото иако многуте не беа зли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
4. ... „Дојди да видиш кој дошол во градов,“ ми рече брат ми кога еднаш го посетив во Виенската болница.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сиот живот чувствував како нечиј поглед да го поништува моето постоење, и истовремено, барав некое суштество кое ќе ја залечи таа скршеност на моето Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
ЛУКОВ: По ѓаволите, уште цели пет часови. (Пауза.) Понекогаш ми се чини дека сиот живот сум го поминал во чекање на луѓе што задоцнувале со своите пристигања.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: Веројатно, додека го пишувал... мислел дека со ова парче хартија ќе го потресе светот и ќе го присили да му одговори на прашањето: „Како е можно човек што сиот живот го следел својот идеал, да стигне до тоа да стане убиец на тој ист идеал?“
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Нив ќе им беше полесно да се мачат една ноќ, отклку тој сиот живот со неомажена ќерка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Проклет да бидам цел век сиот живот. Проклет да бидам, сиот живот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Некој му носи понада не од почит кон него, ами кон смртта што го чека и него; му носи што е најубаво за јадење за да му ја одоброволи смртта и да му ја направи помила, зашто животот си оди и како да си го проживеал: добро или лошо, среќно или несреќно; сиот живот е само еден миг: мигот на умирањето: во него сѐ е збрано.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во мене ти си ... за сиот живот и затоа и пркосам на вечноста на моето заљубено лице....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Нема ништо друго во оваа песна освен твоите како ноќ полни тишини; ништо друго освен миг, сосема прост миг во кој го разменувам сиот живот со твојот живот над проста осама за двајца.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Да можам ... само да можам, да сторам да трае мојот сон кога твојот се руши... зошто не секогаш во една средба трае сиот живот а животот е мал за да го собере сето во тебе за мене... за да собере толку и смеа и солзи, и копнеж и љубов...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Зарем човек не се раѓа со крик и сиот живот минува во стишување на крикот, до конечна, можеби трансцендентна тишина?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вистинскиот амбасадор, според нејзината замисла Бев уверен дека, изневерувајќи го предодредениот татков пат за судбината за патот на спасувањето на своите чеда на Балканот, јас како да го вложував сиот живот во неговата утопија да најдам некаков нов излезен пат во кој ќе ја дооткривав сложената таинствена тишина во неговиот живот, моќта на премолчување кога опасноста најмногу демнеше во меандрите на неизвесната балканската судбина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но јас тоа и не го очекував. на - Арафат - продолжи Дарвиш - остана нашиот тотален симбол.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го помина речиси сиот живот во егзил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Без отпор за чудата околу себе, лесен и бос, појде со иконата, под грмотевици и низ првите капки дожд, и пребрзо, небаре во сиот живот таму бил, се најде во манстрискиот двор, во кој од плочата на грбот под бушавата смрча се избришало името на игуменијата Манадора, со коски в земја и со душа над неа, рамно сто и дваесет и пет години.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со години, со децении, сиот живот, многу години подоцна, одев, со постарите браќа, како во еден вид свети­лиште, како на некој вид семеен аџилак, на височинката на која се наоѓа манастирот Свети Наум, толку врзан за историјата на семејството, тука, до самата граница.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој сега беше најмногу со своите книги кои ги носеше сиот живот со себе, минувајќи со нив низ империи и војни, низ забрани и прогонства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Едни започнаа да стравуваат за судбината на Езерото, да не влезе некаков зол дух во водите, раководен од некој непознат и далечен центар кој немаше ништо заедничко со животот покрај реката и Езерото, и да ги натера јагулите да бегаат заедно со пастрмките и со сиот живот во него, па и пошироко покрај него.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Небаре врела вода на врел воздух искрснува, питома ем складна змиски устремена, како што ѝ прилега кога на-една-душа го шмука сиот живот себеси за да се надмине да го усоврши чинот - самоволието!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Со една мала разлика. Ти имаш осумдесет, а јас само дваесет. Сиот живот е пред мене!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А тие... тие сиот живот го минале на Венера, и имале само две години кога сонцето последен пат изгреало, та одамна ја заборавиле и неговата боја и топлината и вистинскиот лик.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сиот живот се бореше за внатрешна смиреност, за проникнување на животот и природата, за Играта како спонтано единство, а мораше да си признае дека нема истомисленици.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Страдање страдање страдање! Сиот живот само страдање!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)