Стотици мртви и еден коњ, премногу за тоа запурно лето без гуштери на излишавените карпи, сите до една слични на згрчени чудовишта, еднаш, кога и да било, ќе се тргнат од летаргија и ќе појдат да се хранат со човечки коски.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
— Сите до еден.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се припијувавме сите до топлото крило на нашата мајка, а Татко на кормилото на чунот го следеше веслањето на татковиот побратим Гури Порадеци на пат кон другиот брег на Езерото преку границата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во финалето на последното кажување Веселин, Мена и малиот раскажувач ќе слезат кон полето исполнети со дрвени некролози и ќе почувствуваат неодложна желба да ги уништат табличките, тие морничави белези на умирањето: „Сите овие проклети крстови ќе ги искорнеме, рече Веселин, сите до еден.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Крадец на крадец ништо не му краде и откога Прометеј се истопори во центарот на Скопје (првин угул гол потем со наметка на алтипатлакот) и свика на бадијалџиската толпа: аманте бре, луѓе, за тоа ли толку се резилев и го маткав оној зевс додека му го дрпнав огнот на хефест за тоа ли се мачев да ве научам како се пали огнот - за вие да ги распалите сите шуми и гори македонски сите до една опеани во заборавените народни песни - колку огнови сте украле, толку пожари да распалите.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
И ако ако тајните агенти беа малку од малку асолна фела Немаше сите до еден сами да мијат садови дома
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
2. Кога ви велам Така ми било пишано И пишано и судено (а од пишаното не се утекнува) Уште во првиот сон Да го видам доаѓањето на доселениците Кои сите до последен беа осудени На активно учество Во создавањето на новиот свет Новиот свет и новата нафака
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Инаку би ве исекол сите до еден. Кој ти дозволил, по ѓаволите, да ги правиш тие идиотштини, да ме разоружуваш.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
па еден ни ја обелува: вие сте шпиони, вели, аман, бре господине, какви шпиони, ние сме сиромашни луѓе, не знаеме да бидеме шпиони, сите ќе одите на стрелање, велат, ако не признаете, велат, сите до еден ќе ве стреламе, велат и грмотрн им излегува од очите, ете сега, море бургија, не знаеме што да признаеме, тропаат тие, пампара - пумпара, шикли во чибук, а ги гледаш и тие - сиромаштија, ама не си ја гледаат својата, туѓата ги плаши, ние сме биле шпиони и од нас ќе им пропадне државата, копуци...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)