сите (зам.) - светски (прид.)

Во овој стар Солун, кој е ист како што бил некогаш, пред многу десетици години, во кој се водела старата трговија на ќепенци на тезги, се среќава еден куриозитет: трговија со отпадни делови на фрлени и катастрофаирани автомобили и тоа од секаков вид и речиси од сите светски марки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од оваа ноќ, ние сме одговорни за сите светски настани, од Јапонија, Аљаска и Кремљ до Мулен Руж, од Белата куќа до Елдорадо...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Поздрав за сите светски чувари на благото и поздрав за сите глутници што талкаат и душкаат наоколу, со ококорени очи: Сети се... илустрација: Perry Kulper okno.mk | Margina #4-5 [1994] 5
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Попишани односно препишани беа сите светски метрополи од Лондон до Њу Делхи, од Њујорк до Пекинг и од Лондон преку Париз и Москва до Токио, каде колку е часот, кога во Брезница или кај нас е дванаесет на пладне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ме нарекуваат агент на Гестапо, на Интелиџенс сервис, на Озна, на сите светски агентури.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие се обвинети како шпиони на Франко, а јас како шпион на сите светски агентури.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како не се најде некој и нас да нѐ брани, господе, што им згрешивме толку на сите светски сили?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мегалоновите бродови ги разнесуваа маслинките и зејтинот што се правеше од нив по сите светски пристаништа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)