Сам сум, конечно сум сам, без сомнеж одговарам, И длабоката врата во себе ја отворам И во најдлабоката во себе, се затворам, Во таа самост самиот се здогледувам И сам себе се довикувам, се самозапалувам, Во самоста сам да горам, да согорам.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)