Таа отсекогаш ги сакаше цвеќињата и се восхтуваше од нивната разновидност овде, на нивните необични форми и бои, но сега еден вид мијазма надлетуваше над ритчињата од флокси, над купчињата од маргаритки и над куполите од шипови.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Значи, постоеја сите околности недоразбирањата да се изгладат и тоа без некои посериозни последици за Родна и за нејзиниот брак. Дури и без туѓо посредување.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ниту пак зошто почна да ја смета за злонамерна – таа отсекогаш била за Македонија.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Господи, таа отсекогаш беше надарена и од најголемата збрка да извлече лична корист.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)