Но, таквите ликови претставуваат посебна бламажа на официјалната јавна слика на американскиот геј-идентитет, со неговата политика на пристојност, на општествена одговорност и на афирмација.98
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Еден таков лик беше и Џо, претходник на Акбар и Џеф од Life in Hell.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Затоа што таквите ликови не остваруваат дејство, туку изведуваат претходно утврдена и напишана улога, тие ја немаат, и при сета своја виртуозност (и мускулатура, барем во случајот со танчерите) мажествената достоинственост на спортските ѕвезди или на политичарите од едниот или од другиот род, кои на почетокот од играта не знаат точно што ќе прават со телата и како ќе се однесуваат во текот на дејството што ќе уследи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, со оглед на стандардната опозиција во хетеронормативната култура меѓу улогите и суштините – која е изоморфна со другите слични опозиции меѓу извештаченоста и природноста, изгледањето и бидувањето, неавтентичноста и автентичноста, изведбата и идентитетот, женственоста и мажественоста – таа претставува значителен проблем за родовиот идентитет на пејачите, на танчерите и на глумците.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
- Направи пауза отец Иларион и продолжи: - Душата е корен во човекот; како што од коренот на дрвото се храни стеблото, гранките, лисјата, плодовите - така од неа се храни телото, видот, слухот, говорот, волјата, свеста и сè што човекот има; таа е извор од каде сѐ почнува и сѐ враќа; огледало севидливо; владател и роб; таа е целина како сонцето; сеопшта суштина; сила што обновува како соковите што го обновуваат сувото стебло давајќи му нови израстоци; таа е бунар во кој водата е матна или бистра, мирна или замрешкана; светлост затворена во пештера од крв и месо; зрачи, или потемнува; пламен и пепел; камен гранитен или прашинка; оган кој дур е под контрола е благодет, а потоа пустошник; какво тело носи, таков лик има; со менување на телото, и ликот си го менува; по неа се чита и открива човекот; често е читлива, а често загадочна; некогаш ти допушта да ѝ се вдлабиш и да ја видиш, а некогаш за миг ќе те заслепи како поглед во сонце; некогаш е живо железо што тече, поток без форма; кораб на отворено море; пространство огромно, но и теснец затворен во тајните свои; нѐ држи цврсто како градба, верно нѐ придружува, но не знаеш во кој миг ќе нѐ изневери...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тоа, значајно е, не подразбира родова неволја за дивите, за балерините и за глумиците.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)