таков (зам.) - одлука (имн.)

Тогаш јас самиот на себеси си го поставив прашањето: како може да се донесе една таква одлука со која на местото што го барам јас да се постави друг човек.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ако одберете да дејствувате вон универзитетот, морате да ги носите последиците од таквата одлука.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мислеше дека таквата одлука, да си замине, ќе биде страшна за сите.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Целиот пат кон дома ги разгледуваше работите кои го принудија на таквата одлука.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Како што и можело да се очекува, инсектите не биле одушевени со таквите одлуки и ретко се преселувале на пропишаните места.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Да беше чиста и неизвалкана како до пред ораницата таа не ќе можеше да донесе таква одлука, ќе мораше да ја јави вистината, ама сега е поинаку со неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А дека сум донел таква одлука потврдуваа искинатите ливчиња покрај мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Всушност беше повеќе од јасно дека секое ливче претставува еден изминат ден.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кажуваше дека навечер, од собата во која спиеше Хајнерле, се слушало нешто како шепотење, или како пеење, или како липање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Матилда беше среќна со таквата одлука – во раната младост имаше операција по која не можеше да има деца, тоа беше несреќата на нејзиниот живот, и сега се радуваше што може да се грижи како мајка за малечкиот, заменувајќи ја својата почината сестра.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)