таков (зам.) - разговор (имн.)

По мое мислење, може да постои ист таков разговор меѓу мислител или филозоф и научник.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
– Не бери гајле, Мусо-ага, не бери, само вие добро спремете јатаганите и кога ќе наредам јас, удрете – го тешеше кадијата, одејќи по него со беговите. Со таков разговор се појави колоната на Чашка над самото Чаништа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од друга страна, кога интервјуто би било класично (разговор, диктафон и сл.), не верувам дека воопшто би можело да биде изведено, согласно со рамките најпрво на мојот, а потоа и на твојот идентитет; емпириски е докажано дека таквиот разговор со малку среќа во најмала рака би завршил со непријатна тишина, со раскинување на сите договори и чекање евентуално да се признае сопствената грешка, до следниот чекор, контакт.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Чувствуваше дека таквиот разговор ќе биде многу непријатен за Марша.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но од вчера вечер се измени нешто и го тера Марка да избегнува таков разговор.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)