таков (зам.) - решение (имн.)

Ние, штабов, такво решение зедовме и по него ќе постапиме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Најпосле се јави и Толе, којшто со внимание ја слушаше препирката: — Оставете и кавгите, џанум, токо гледајте, правете планот и како ќе се извлечкаме одутре одовде, оти Бахтијар може да нѐ намириса, та се пусти гаќи ќе останат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа прегледување и таквото решение е српска научна победа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако Комисијата ги имала во предвид документите на италијанскиот предлог за трасата на јужната албанска граница од 19 март 1913 година; италијанско-австрискиот компромис за истата траса од 22 април 1913 година; записникот и одлуката од Лондонската конференција на амбасадорите од 8 и 11 август 1913 година; трасата на јужната граница со Албанија во редакција од 22 април што е повлечена на картата на австро-унгарскиот генералштаб во размер 1:200.000; упатството на австро-унгарската влада на својот делегат во Меѓународната комисија за одредување на југоисточната граница со Албанија од 5 септември 1913 година, и извештајот на делегатот на Кралството СХС за границата на Корчанската каза од 28 октомври 1922 година - Комисијата немала да донесе такво решение.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во нотата понатаму се истакнува дека Француската влада е свесна за сериозните неприлики што можат да настанат со поништувањето на одлуката на Конференцијата на амбасадорите од 6 декември 1922 година, но сепак верува дека таквото решение мора да се донесе, бидејќи се потпира на такви аргументи што не можат да се одречат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Како резултат на тоа голем број луѓе кои не се согласуваа со таквите решенија беа прогонувани, осудувани и затворани.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во наредниот период беше донесен и првиот петтогодишен план за стопански развој на на НРМ.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Се разбира, целта на Гарванов била да го убеди Дамета во оправданоста на таквото решение.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Посебно ги загрижувала неможноста да се реализира ветеното меѓу Сталин и Черчил на состанокот од октомври во Москва, кога била договорена процентуалната поделба на териториите во одделни држави во југоисточна Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие биле свесни дека доколку Советите се "закотват" во југоисточна Европа, ќе биде мошне тешко да се изнајде такво решение кое би било поволно за Британците, бидејќи во таков случај сите карти во преговорите би биле во рацете на Советите.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За жал мал беше бројот на таквите решенија што им помагаа на секидневните потреби и што управуваа со нашите инстикти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Инстинктите се препуштени самите на себеси.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)