таков (зам.) - страдање (имн.)

Секое такво страдање секогаш е, како вистински настан, ограничено на сегашноста; значи, тоа е само минливо и затоа не е премногу тешко; преголемо станува само тогаш кога прераснало во трајна болка; но како такво, тоа сепак не е ништо друго освен мисла и затоа лежи во помнењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А тоа доаѓа оттаму бидејќи постојат и такви страдања што ги носиме длабоко во себе, скриени од светлината на денот и од очите на љубопитноста.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можеби Бог не можеше да помогне. Но како тогаш би бил семоќен?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ако Тој беше семоќен како Тој би бил добар доколку Тој е одговорен за создавањето на такви страдања?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За некои од тие болки срамно ни е да се сеќаваме дури и ние самите а камо ли да ги спомнуваме пред другите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако духовните маки, болното сознание или спомените се толку разорувачки што се едноставно неподносливи и човек може да им подлегне – тогаш, на тој начин исплашена, природата посегнува по лудилото, како последно средство кое може да го спаси животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)