таков (зам.) - тврдење (имн.)

Другари! Таквите тврдења не се ништо друго, туку една лага, една клевета фрлена на ослободителката Русија од еден ослободен ропски народ што уште не е слободен од неговите ропски инстинкти со кои се ползува за да ја оправда својата глупава „самостојна” и „национална” политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но AI перспективата не бара такви тврдења.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Меѓутоа, ниту Саракинов ниту Цончев можеле да го докажат таквото тврдење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За самата креација на едно такво тврдење, пак, може да се каже дека е само пламнување на таа величествена искра интуиција.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но, на семејната конклава, Веда, подучена од лигавиот деловен партнер на Милдред, Воли, тврди дека е трудна од синот, а таквото тврдење му е доволно уверливо на семејниот адвокат за да препорача да ѝ се исплатат на Веда 10 000 долари.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, иако таквото тврдење можеби претставува добар опис на тематиката на кампот, ефектот од тоа е отфрлање на можноста од антисоцијална политика што би се состоела токму од пораз на сериозното – или на она што би се квалификувало како сериозно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Значи не смееш да му поверуваш и на она што го имаш видено?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа и никогаш во таквите тврдења не смееш да играш на картата на сигурноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)