Можеби тоа беше причина во моите самотни ноќи да почнам да трагам по неговиот глас што еднаш веќе го бев слушнала, но несреќната јас, којзнае зошто дозволив да ме одмине.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Па овие што зад себе оставаат таква грда пустош, би ја искршиле и таблата без да го прочитаат текстот!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Случајот со застреланиот се повеќе се трудев да го заборавам, се почесто наслушнував како си шепотам дека не би требало Ведран да биде застреланиот Непознат, но истовремено се помалку верував дека Ведран некогаш ќе се врати.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но јас одбив да прифатам таков грд крај.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)