Според нив, ако веќе требало некој да биде обвинет за таквата советска политика на Балканот и за наметнувањето на комунистите во народноослободителните движења во Југославија и во Грција, секако не бил СССР туку "тоа сме ние самите".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Идн, како искусен политичар, бил наполно свесен дека на Балканот е "неизбежно да има директен судир на интересите", а во "догледно време и конфликт" во однос на нивното разграничување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Исто така, тој побарал експертите во Форин офис да се изјаснат дали таквата советска политика "би можело да има влијание врз нашата политика и врз нашите воени планови во подоцнежните фази од војната и, доколку има, на кој начин тоа би се случило".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во тој момент сметале дека "Русите само може да седат во заднина и да гледаат како ние ја вршиме нивната работа".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)