таков (зам.) - ужасен (прид.)

Тоа волкот просто ја имаше во својата уста неговата крв и трепереше од нејзиниот вкус, а во тоа имаше и една таква безизлезност, што тој не беше во состојба да не се подигне од петици, речиси маѓепсан од едно такво ужасно навестување на една ваква чиниш од самото дно на пеколот извадена и зачекорена и наеднаш толку необорива вистина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаев дека не лаже. Тој не би се шегувал со такви ужасни нешта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мила, тетка Вале и чичко Ставре имале страшна сообраќајна несреќа. Биле тешко повредени. Мила најтешко.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Така фрли, и уште веднаш знаеше дека во своите раце држи една таква ужасна направа, пред која ќе отстапи сѐ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сигурно можете да си замислите една таква ужасна, црна игра на гладни, на бессони, безмерно измачени, несреќни деца.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)