те (зам.) - донесе (гл.)

Милата киска убава, мила! Кој ми те набра, доде? Кој ми те донесе? Зошчо си ми, доде, кај мене?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама лели те донесе господ тебе, веруам оти ќе ти се каже.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Оооо! побратиме, те донесе ли господ кај мене, бре! — Се провикна детето и му ја стисна раката на Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, е, лели те донесе господ, сполај му, пак да се видиме — вели Трајко и ги гледаат со Митра подароците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море ми, те донесе ли господ пак, браче Толе, да се видиме? — го пречека таа —и него и му се израдува, сега уверена дека тој не го дава нејзиниот Андон да пострада.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ми те донесе ли господ, бре сине?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Лели те донесе господ и јас да има со некого да се разговара, се ќе биде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како да заспаа моите тревки туѓа магија им ја украде моќта твојот мирис во стебленцата кревки претскажав дека ќе те донесе ноќта знаев: сѐ ќе изгубам, но ќе љубам.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
- Кажи сега, Петре, кое добро те донесе? – му рече дедо ми откако мама ги крена филџаните секому пооделно велејќи му „На здравје!“ на што секој пооделно ѝ одврати со „Здравје да имаш!“
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Чекавме да те донесат од болницата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Таму почекавме да те донесат.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Службеникот кај кого уплативме, проверуваше кога ќе те донесат.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Додека јас ги прибирав од автомобилот работите што ги вративме од болница, Матеј успеал да те дигне на раце и да те донесе до дома. 28.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Сполај му на бога тебе што те донесе.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КАТА: (се крсти). Ај, шуќур оти господ ни те донесе со здравје! (На Анѓелета). Крсти се дури е топло.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Сполај му на бога тебе што те донесе (Покажува на подароците).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И не бери гајле, пак јас ќе те однесам и ќе те донесам и пак човек ќе те сторам; арно беше сега да не го окршиш шишето, ама откога ќе се стори едно лошо, не се враќа лесно.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Профим настојуваше да те земе од болница и да те донесе овде, а таа, вчудоневидена, потресена од она што Профим го сторил, почна да паѓа во несвест. Ѝ беше тешко, ги земаше девојчињата и бегаше кај мене; јас ги прибирав, но немав што да им правам, со што да ги хранам.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И така по некој месец од твоето раѓање, те донесе Профим скришно од Албанија и ти стана чедо на ќерка ми и на оваа куќа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Само... ете така... те донесов колку да поднавикне да те гледа во куќава.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ангелот ми те донесе.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тинејџерката: Важи, Тики, само ти да ми даваш ганџа кога ќе ми затреба.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тики: Значи, се договоривме. Тебе во слаткарницата те пикаат во тортата и те донесуваат на забавата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тука ли те донесоа? – му падна пред нозете, не сакајќи да прегрне Турчин, макар што го позна брата си Ангелета.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Нели, чудно е тоа задоволство што те обзема кога ќе го пронајдеш негде во дворот магаренцето што те донело дома здраво и живо, со сите твои делови - беше оптимистичкиот заклучок што му ја поттикнуваше срамежливата среќа на Господ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На натрапникот што го имав забележано повеќепати се сетив дури идниот ден.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И не бери гајле, пак јас ќе те однесам и ќе те донесам и пак чоек ќе те сторам; арно беше сега да не го окршиш шишето, ама откоа ќе се стори едно лошо, не се враќа лесно.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Вардејќи лозјата видел во едно лозје како да му се сенело некој чоек.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Многу пати момчето се здечкуало со друзи момчиња, алаџак внуци од браќа, и многу пати му велеле: - Ајде бре, па и ти ќе зборуаш, што од патои те донесле овде!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа го пречекала и се здравуала со него, му рекла: - Оф, бре момче, како те донесе Господ во нашава куќа, сега на зајсонце, кога ќе си дојде син ми гладен и жеден и да те смркни цел како што си.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Аман, мајче, те молам, скри ме да ме куртулисаш, оти сум царски син и сум еден у мајка и еден у татка!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Здравје нека ни дајт Господ и се ќе бидит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Чекај да скокнам, белки господ затоа ми ги свртел очите на таа страна. Те донесов, право е - чинев, мртов си.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Потаму? Како те донеле во плевнава? - настојува татко му да дознае што подобро.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Туку, која мака те донесе овдека, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)