те (зам.) - запознае (гл.)

Јас те запознав уште пред да те сретнам, како кога човек гледа со затворени очи, кога допира нешто со мислите, кога бакнува со душата...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ти не би требало да живееш по хотели! ]е те запознаеме со богатуните и ќе живееш како бубрег во лој.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Може, ќе го сретнам овде, ќе те запознаам со него.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Еве кај нас, столар имаше во Озера, е тој знаеше да лечи: во житни никулци и со стоено масло...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Да, сум имал неколку девојки пред да те запознаам тебе, - одговори Ѓорѓе чувајќи си ја суетата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Томо, да те запознаам ова е мојата старосватица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тие луѓе те запознаа тебе при нашите две средби.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
- Не знам како би почнал... - Сакам да те запознаам.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Нека има работа, нека те запознае.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Сака да те запознае! - викна Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Мајка му и татко му на мојот сопруг. На мажот ми. Ти се сеќаваш на него. Нели те запознав...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Марија, без да ја крие својата среќа и радост, ѝ го претстави на Елена младиот човек: - Да те запознаам. Ова е мојот свршеник.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
БАБА АНЧА: (оди по него). Не се лути, сакав да те запознаат со целата работа како стои. (Оди накај вратата од дворот).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Чкртко-Шкртко: Ова е лудило, ми чепкаш по утроба...  Ма, само интерлудиј, се зафркаваме, Чкртко; впрочем, да те запознаам со овој човек и за мене инаку прилично непознат: Abbe Buzoni, на латиница.  И со две „б“.  Како „безобразно брутален“ или како „брижен брат“?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Грета: Сакам да те запознам со баба ми.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
По два дена Николај го фати старецот покрај кино.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
-Одиме, сега ќе те запознаам со некого - прочкрипе тој.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
НОЌ Грета и Дики стојат пред вратата на куќата на баба ѝ.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ако сакаш, еден ден ќе те запознаам со него.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Директоров те запозна? Што ти рече?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Меѓутоа, ти си зафатен со друго: откако те запознаа со Горда и откако узна дека таа е суфлерка, ти не знаеш дали повеќе си обземен од нејзината убавина или од тоа што кај неа единствено можеш да го најдеш делото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа те гледа изненадено, без да дојде до здив или до збор, но не те одбива и те запознава со нејзиното друштво - очевидно не е видливо израдувана, но се воздржува да ти сврти грб.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во тој момент, притиснат меѓу столовите, те запознаваат со една женска личност што седи спроти тебе - убава, но не на сцена.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Јана му беше блиска на Самоников - додадов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Катерина, да те запознаам со Јана - реков откако ја забележав изненаденоста на лицето на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Низ вечноста во историјата запишана, по два века изминати, те запознав, се запознав-себе.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
„Па токму со тоа си ме навредил: јас не сум никој... јас сум ти најпрва другарка... јас те запознав со сите...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)