Олеснет, што се вели, и ветрот може да те крене.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе дојде 11 и ќе те кренат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Ти мислиш, дека мајка му е мајка ти: ќе вика по тебе, ќе те бара, а потем ќе те крене на раце и ќе те однесе дома!“
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Би те кренале неми над своите немирни тежини да те поплави небето со белите трошки на погледот Дали тогаш твоето сонце ќе може да го озвучи кроткиот дожд на тишината Сепак не е зимата румена како нашите образи и не е вистински сетна како здивот на реката Побарај го слапот од надевање во извезената кора на мразот под која тлее жуборот на едно кревко сеќавање
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Така ... Гледаш ли дека можам да те кренам. Ама не тегави се ... Јавај, кога ти велам.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Јас бргу те кренав, ми раскажуваше отпосле баба ми (јас не се сеќавав на тоа), а тој дури тогаш ги пушти другите волови да влезат.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)