Ги крена очите кон мене. „Ѓаволот му е ортак на Никола Влашки“, ми довикна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Побара вино да те лекува, сега лежи во плевнана и 'рчи. Дојди, ќе си поразговараме.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ковчињата ќе ти ги намекне, како со најубав иљач да те лекувал.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Разбери ме
не можам повеќе
да те создавам
да те лекувам
со поштенски марки
нема повеќе
да патуваш
сакам
да верувам
молци
ги јадат
адресите
во мене
интимно
се топат
некои санти
и паѓа
горчлива
сенката
на времето
кога се кастрат
лозите
и поривите
а билјето
развива
бујно
како грев.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
- Велам, планината, чистината и убавината ти се доктори. Тие те лекуваат...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)