те (зам.) - одведе (гл.)

Дајреџијата му се внесе во лицето, целиот насмевнат и блажен, како да сакаше да му каже: „Ништо ти, комшија, не бери гајле, јас сум тука, јас ќе те одведам дома...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Мамо!“ – извика момчето. „Качи ми се на грбот. Ќе те одведам таму каде што е неизвалкано, каде што ќе можеме да се очистиме, да се помириме“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Хлапец, проклет би и посеј малечка татковина на дланките со неа да си ноќеваш со неа да се будиш и на распјат со неа ќе те одведат со еден брут ќе ве заковат, хлапец, вековите крај вас на поклон ќе доаѓаат и волчиците своите малечка ќе ги доведуваат на љубов да ги учат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ах, хлапец, под ноктите си скрил земјичка татковината на дланки да ти израсне: поздрави се со својата несреќа, хлапец, на распјат заедно со неа ќе те одведат со еден брут ќе ја заковат,хлапец твојата небида на дланките.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Рута што те изнајде во сонот и те одведе во одаите со вино и те покри со знаме љубовно и те скри меѓу две воздишки на детето во сонот, те скри во гревот што го суши срцето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сакав да те одведам на море, ти ветив колиба на планина, а наместо тоа, те поканувам на отворањето на мојата изложба – домашна, самостојна, Новогодишна, во мојата соба за скијање натапкана со конфети, памук и со снег на екранот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
- Ана, ти си изморена и... возбудена. Ќе те одведам во твојата соба.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ајде – рече и ми ја подаде раката за да ми помогне да станам. – Ќе те одведам на една прошетка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, добро, ако ми дозволиш, овој пат јас ќе те одведам на едно место каде што ни твоите родители не биле.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се сместивме удобно врз неговиот летачки килим и брзо ги надлетавме планината Бистра сосе сите нејзини потоци и шуми, сосе Мавровското Езеро и сите села и викендички околу него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Треба само да се посака каде да се оди и тој таму ќе те одведе за миг.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа во секој случај ќе те одведе подлабоко во медиското дата-царство.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Како читател често насетуваш (но неретко знаеш и да промашиш) во која насока ќе те одведат зборовните игри...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Не се сеќаваш. А види се сега. Ќе те одведат. Јас ќе плачам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- По оние твои патеки на лудилото - се насмеа кога ме оттурна за да земе здив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Каде ли те одведов - прашував користејќи ја нејзината зашеметеност или исплашеност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Оди, мама ќе ти објасни, нека те облече убаво и нека те одведе таму, да видиш колку големи и розови сладоледи има во Америка, - се снајдов.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Ќе видиш. Ќе те одведам далеку над селото каде што бистрината на водата воспоставува контакт со водата во нашите тела. Ја здивува крвта. Ќе видиш.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Има една грмушка и една пенушка има, срцето ќе те одведе мракот ќе те приспие, и има мугра сина безшумно што доаѓа усните да ти ги навлажи со надеж и со роса.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Нејзините чатални траги – секоја ќе те одведе во друго беспаќе, А ние сеедно се веднеме белки ќе ги откриеме патеките на нејзините бегства.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
(Всушност, целата фора е во тоа да ги пуштиш луѓето непрестано да зборуваат, бидејќи, порано или подоцна, некој ќе го испушти токму оној збор кој ќе те одведе на вистинскиот колосек).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ќелиите се скроени за виновници Без вина јас се изборив и со катанец ќе се оковам Да не го видите сиромавиот валкан образ Се изморив од изгубени битки Но го видов крајот на војната како приведение Лебди во зеницата која затупува ко замаглени очила Во диви сенки од без трага Виорот избриша сѐ Ако патот те одведе во непознатото, таму ќе се сретнеме Ти со срце поцврсто од камен, а јас сенка в копана во камен.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
А срцето не е добар водач и не може да те одведе на вистинското место.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
МЕТОДИ: Долу, кај аголон ме пресретна шоферот на Иванов. Го испратил да те земе тебе и да те одведе кај него. И тебе и Ивана.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Ќе те одведам, - ѝ реков. - Ќе ја одбереме најубавата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Најдобро е да те одведам дома и да го наместам.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ние ќе ти најдеме маж, вели, и ние ќе те одведеме кај него. Ако можите сосе петте гробови да ме одведете велам, сосе петте мртви деца.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)