те (зам.) - посети (гл.)

Една вечер дојдов да те посетам околу 21 часот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во саботата вечерта кога дојдов да те посетам имаше многу посета кај тебе, кумот и кумата, наши заеднички пријатели веќе четириесет години и твојот брат со семејството.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога ќе дојдев да те посетам, ќе те најдев како правиш тешки чекори, но со цврста волја за да набиеш кондиција, како што велеше.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
„Ми раскажуваа за тебе“, почна тој, „и јас решив да дојдам, да те посетам, ќе ми простиш“, рече, „ако ти го земам времето, знам дека си зафатен со важни работи“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Ако не дојдеш ти, а како што гледам нема наскоро да дојдеш, ќе дојдам јас да те посетам.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога некој ти зборува за борба, за победа, за јунаштво, а не си го видел на прва линија, во долгите ноќни и истоштувачки маршеви под дожд и големи студои, кога никогаш не влегол и не останал заедно со тебе да преспие во влажните и мувлосани земјанки, не зачекорил во калливите ровови, не му посинало рамото од носење на митралезот, минофрлачот, сандакот со муниција, носилката со ранетиот, не те посетил во болница кога си бил ранет, никогаш не каснал мувлосан леб, не пиел вода од матна и каллива локва, никогаш не сркнал од булумачот – изматеното брашно во млака вода, не пасел трева и на пролет не јадел набабрени пупки и младо лисје, никогаш не ти ги видел раните преврзани со валкани партали, загноени, црвјосани, – таквиот не ти е мил...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Пак ќе побегнам за да те посетам,“ ги издиша зборовите во мојот врат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа тргна кон вратата, ја отклучи, ја подотвори. Се сврте.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)