те (зам.) - чека (гл.)

Те чекам со ужасно нетрпение утре доцна попладне, сабота 2 Октомври, во 16 часот на нашето старо место: на нашата клупа во парко, кај сато.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Како те чекавме, Мими, како те чекавме! - А јас...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ене, на врвон од тие височини, е господ: те храбри и те чека со испружени раце...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Испратен бил, велат, од канадската мафија за да се поврзе со нашата, овдешната. Те чекал, велат, пред куќа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Внимавај да не бутнеш стомна и не исцибрувај, ќе се заколнам. Влези, те чекав.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Слушај, знаеш ли дека тој долго те чека? Свестен ли си дека требаше да си кај него?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- А пукаш да убиеш. Еј, еј, синко мајчин, само те чекав, знаев што мислиш.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сакам да ми кажеш што вели прстенот. Утре те чекам овде, со клуч за клучалницата тајна!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Само, треба да поминеш низ едно минско поле и, ако имаш среќа, те чекаат три реда бодликава жица, па десет метри висока ѕидина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
СОЊА: Добро дојде. (Пауза) Те чекаме од осум. (Пауза) Не ќе можеше да влезеш.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Дека сум наметката на мајка ти, обесена зад врата што те чека да се вратиш дома?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
УФ, страшно, бре, а деца во оган те чекаат, да им изгаснеш жед.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Рози, многу те сакам. Сиве овие години те чекав. Ти требаше да дојдеш порано. Но не дојде толку рано.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сиот насмеан влегуваш во таа ветена рајска соба, а таму навистина те чекаат ветените 77 девици...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- Ах, дојде, од кога те чекаме! - извика џуџето со тенко гласче како да пее, плесна со малите раце и брцна во џебот што му беше пришиен на средината од палтото и му ги покриваше целите гради, стомакот и нозете до колена.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Дедо Бошко, откако ѝ рече на снаата да свари кафе, му кажа на Лумана: - Те чекав уште неќна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Живееш живот, а на крајот никој не те чека, а животот не е среќниот крај на романот, може да заврши за секунда.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не ќе те чекаат тебе да ти го вратат велосипедот!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Наместо нешто во врска со името, таа неочекувано го праша: „Те чека ли во Скопје нешто неодложно?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Знаеш ли колку среќни моменти те чекаат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ќе те чекам... Ако не во вечен живот, ко Ромео и Јулија ќе бидеме во вечна смрт...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сега јас да се скријам, а тој... нека продолжи... (Влегува во врбјакот.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Никакви знаци за подобрување на твојата состојба, беше прикован за креветот, но правеше напори сам да одиш до тоалетот, се придржуваше на мене, па кога ќе стигневме до тоалетот јас те чекав пред вратата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
- Сношти ми рече, зошто сум легнала, вели, зошто не сум те чекала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Луција, ќе те чекам овде“, рече. Останавме сами; се гледавме во очи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А сега...сега не ти преостанува ништо освен да отидеш во кино, а таму ќе те чека...тој.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И дење и ноќе се молев Богородице Мајчице да ме крепи - Господ да ме поживее колку тебе да те пречекам - како што сум ѝ ветила на Ѕвезда моја... да не ја одминеш нејзината светлина... се молев... се молев... и еве - сум те дочекала... и те доведов до местото кајшто те чека... да се здружите - дорече задишана мајка Трајаница.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Што е најлошо, може да се случи сите некаде да заминат и да останеш сама.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Штом огрее ден ќе ме втаса крај мирната река: „Поведи ме во Boulogne i Vincennes, столетија јас тебе те чекам."
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Колку е убаво да знаеш дека некој те чека и дека не мораш воопшто да се плашиш дали во меѓувреме, додека се вратиш, ќе замине – си помислив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Двајцата стојат задишани. - Тебе те чека - момче со огнено име и длабоки очи во кои втонала...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Се сонча во градината, седнат во количка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
— Немој да гинеш, ми вели, ќе те чека детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Те чекав, - ме пресретна Марина. Јас молчев.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Небото и сѐ поблиску и погромно и можеби те чека ново, мачно искуство на Атлас.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Исхак и Аја сме ние, тие она што не сме крајот уличарски се нуди човекот во туѓи мени губи ти се колнам, Време: си било едно нешто за многу века во сомнежот се заљубила река. Кога ни ти дојде, ни јас те чекав...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кажи му на стариот дека си со мене и да не те чекаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Две девојки те чекаат во моите одаи.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
- Не плаши се! Подобро го знае патот од тебе. Те чека пред вратата на Грофот!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Амам: промена на смислата Не кога ќе влезеш и кога ќе те заплисне врел и непроѕирен воздух не кога ќе те поклопат капките разлеани по ѕидовите реата, мермерот, мрморењето не кога ќе те обземе вртоглавица зашеметеност од празнината на амамот, полна пот, плот и пареа не кога ќе те погоди како отсјај во сон светлината подадена низ розетата дозирано, од високо не додека студеното сонце-иње од карши ги облагородува дрвјата, релјефите, порталите, фасадите на сараите туку кога ќе потонеш гола во гротлото ко крвава рожба во исцедокот од водолијата тукушто прсната, за да може да се слизне низ пенџерето на животот (на)право во царството на немилосрдноста кога збунетото тело ќе помисли дека секое друго место е подобро ама ќе остане и понатаму - таму без да се помести кога ќе ја осетиш жешката вода како оддалечување од секојдневието, од агонијата на распадот (целото е мислена именка, далечно минато) кога ќе се престориш течен заборав божји благослов и ќе му се предадеш на телото мислејќи си ѝ се предал на психата егзотичното прелевање на смислата сѐ додека не се претвориш во прелив како таков кога ќе се испреплетат значењата едни со други и ќе се испретурат во кошницата на светогледот а ти ќе тргнеш во потрага по почетокот кога ќе сфатиш - Бизант е капија во темните агли на памтењето цела епоха е втисната како анатолиска крпенка во обичните зборови од твојот мајчин јазик во интимата на јазикот и се спровира низ капијата кон одаите и спалните дома кајшто по извесно време по извесна стварност потеклото се заташкува сродството се изобличува јазикот има свои потреби како и телото сфаќаш и тонеш во без-сознание зад јазикот, отаде нека почека ако те чека ... Истанбул, декември 2003
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Каде ли си досега! Па, ти нормална ли си, знаеш ли колку време те чекам! - врекна мајка ми кога ме виде.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Да, Јирачек те чека…”, ѝ рече Ема откако им се изнарадуваа на цвеќињата грижливо негувани на верандата и, фатени за по еден прст од рацете, влегоа во пространата дневна соба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
МЕТОДИ: Вели: ако не слезеш веднаш, нема да те чека.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
СТОЈАНКА: (Плаче.) Томче, јас би те чекала довека, те сакам и љубовта моја е догроба, ама не можам повеќе од татко ми, ми е жал за него.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Потоа: - Касни; татко ти те чека в дуќан.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Една јагула лежи таму во една друга кафеана.“ „Да те чекам ли, брат?“ Клепките на Мирона беа завлечени в месо, очите гледаа срамно соголени. „Немам пари.“ Мирон се заниша на крцкавиот стол и ја завлече раката в џеб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од најблискиот звучник Арсен Дедиќ потсетуваше дека некои работи не им се кажуваат на сите, дека некој треба да те чека и писмата твои да ги прима.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Сакам да останам, а ти ми велиш: те чекаат, не треба да си тука.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Побрзај, надвор те чека Ана! - весело задишан брбореше Глигор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
— Ете шо ќе правиме: ти вечер ќе си одиш дома и утре в зори те чекаме на Маргара, кај чешмичето, со некој и друг сомун леб.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во сонот што те води по меки врвици по остри гребени во кои те чекаат час плавни починки час модри висини.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Кажи му, нека му каже на човекот што ќе му сакаш, до кога да те чека, та спремајте се и он и ти, прибери се да имаш сенка над главата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Излези од тунелот. Те чекам на Треска. Ти ќе пливаш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Биди готова да не те чекам. (Ја прегрнува нежно Неда и излегува.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ФЕЗЛИЕВ: (Сето време фасцинирано гледа во Младичот.) Кај Иванов. Те чекаат и тебе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Одвај те чекаат да ти приодземат од силата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А мораш да работиш. Не знаеш што те чека побргу: дали нива да копаш, дали добиток да прибереш, дали опута да вразиш. Не е едно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Едната "јас", којашто се надеваше дека и во новонастанатата ситуација ќе испаднеш победник, дека, како и првиот пат ќе се бориш, ќе бидеш јак, ќе издржиш…, па ти ми рече седум години, а не поминаа ни четири, а другата "јас" која си велеше самата на себеси: "Мора да бидеш јака, мораш да издржиш, те чекаат тешки денови, него ќе го нема…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
„А прикаската на човека му годи. Ем во војната да победиш, ем дома наследник да те чека, твоја рожба, не е мала работа“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Ќе те чекам под мостот. Испрати ја тетка ти дома и дојди“, реков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Обиди се да заспиеш. Те чека работа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И наместо одаја брачна, ох! — јамата тесна бездушно тебе те чека!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Борба те чека, борба за слобода.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
„Дојди, те чекам со штедрота. Жажда ме сотира по крв, крџалио.“ „Доаѓам ... Дерман ти нема.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Да знаеш дека Изабел многу ќе се израдува поради оваа наша повторна средба и да бидеш сигурна дека ќе те чека во нашиот дом со чаша коњак стар стотина години, а со него таа послужува само специални гости и во специјални прилики.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
„Тавата ориз се грее, мамо! Те чекав, да јадеме заедно“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Караниците се несреќа за секое човечко суштество.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Оттука натаму работата ја преземаат други, со друго возило, до Равена те чека долг пат.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Па, верувам дека тоа е интересно. Ајде, нека не те чека Сврделот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тебе те чека среќа, човеку, среќа и слава, така ти зборува хороскопот, но не можам да ти кажам кога тоа ќе настапи. Добро, добро, испробај ја судбината.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ете така, татко мој, оче Мида, така и ти брате Лествичнику што по скалите нагоре одиш (а слегуваш) кон својата одаја, и ја отвораш вратата и ме гледаш, и знаеш дека и јас знам, и солза не проронуваш, а јас плачам, оти те сакам, оти си ми брат и друг јас на светот овој ништо немам, оти ти велам: сѐ ќе сторам братот мој да не ја изгубиш главата, оти утре страшно собитие те чека, брате мој, кога логотетот ќе види дека одајата си ја отворил не три, ама три илјади пати за овие години.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Те победи мракот, зачекори но...без стапки Врати се Д......пред олтарот невеста, во бело руво те чека за на век...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Мачно е времето селско, вели, кај да се опулиш работа те чека, а јас немам раце за толку...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
СОЊА: И ти си ми мене татко. Те чекам како утка со саати.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
И некако болно во мене одѕвонува- дури ни на полноќ веќе не ќе сонувам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Така – ја испива последната голтка кафе (јас сум сè уште кај втората): Важи. Те чекам во вторник.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Моите се обидоа да ми помогнат, се разбира во корист на Маврово, а главен аргумент им беше – излегувањето во градот нема да ти побегне, дискотеките ќе работат и кога ќе се вратиме, а и другарките и другарите, ќе те чекаат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ако дома не те чека поубава вечера?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Веќе е доцна. Те чекаат.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Не тагувај по никого. Баба Петра е на пат за Македонија, ќе те чека таму да се вратиш.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Ајде, спанко! Станувај! Неделата помина, училиштето те чека, - ја слушна мајка ѝ.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- И пак гноење на нивите и пак орање, вели Мирче, една работа завршуваш, и само што си се обѕрнал, - гледаш веќе друга работа те чека...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таму те чекав. Да ти ја продадам душава. За ситни пари.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Туку оди си, човеку, зашто те чекаат другарите...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Претставата нема крај, сцената на животот бара живот, убав ден за нов почеток.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
— Да ме чекаш! — Ќе те чекам!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се чувствуваше слаб. Од коските во неговите нозе како да остана само прав. „Ајде“, му рекоа „И биди мирен. Те чека нашиот шеф.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Краста (Кон Грета): И покрај ова што го виде сигурен сум дека сè уште не знаеш кој сум јас, но кога ќе пораснеш верувам дека ќе ти биде јасно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Долго те чекав, мил мој... му ги бакнува очите - да го разбуди - да ја погледне со тие очи - замижани... гласот да му го чуе - па да разбере дали е насон или на јаве.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Извини – ѝ реков – но ти ми личиш но и не ми личиш на тетка Боса.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ќе нарачав кафе во Старбак, во центарот, ќе седнев да го испијам на клупите и те чекав да се појавиш оддалеку…, да ми мавнеш, но тебе те немаше.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Илона не дочека Ема да заврши со кажувањето кое водеше кон констатација, таа тоа кажување го разбра како прашање и, не чекајќи ни миг, свика: “Ано, ано, ано” (Да, да, да).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ајде, те чекам. Во вторник. Немој случајно подоцна.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Оти не спиеш, ми вели Јон. - Ами, тебе те чекам, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А можеби и ќе паднеше во морето ако со својата блага пролетна насмевка не ја храбреше сонцето: Ластовице, лекокрила, биди силна, биди лека, летај, летај, летај мила родно гнездо ми те чека.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Топла чорбичка ли сакаш, чинии има, да легнеш ли сакаш, повелај - креветчето и јамболиите те чекаат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Па, знаеш ли ти колку убави работи те чекаат да преживееш.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Па каде си ти? Јас дојдов, те чекам овде!
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ќе си бакнеш рака, тетин ти те чека, раката сосе пара му се испоти!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тоа нечистивиот ти го стокмил: и свадбата, и сватовите, и ората, и даровите, виното, од кое ако си голтнал, ќе те голтнело лудото и ќе било чудото што ќе те такла по сокаците да ги прибираш облаците, ќе те чекале бајарки и попови по манастирите, по чардаците.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во советот влегува и потсовет дека долна облека или гаќи никако не се носат зашто кој тебе ќе те чека да се соблекуваш... значи паѓа во вода онаа старата дека, ако треба, леб нема да јадеш ама добри секси гаќи мораш да имаш, затоа што тие сетики и леб ќе ти донесат, нели. Ви текнува?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Низ солзи прозборува прва: - Те чекав да дојдеш. Синоќа те сонев.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
СЛУГАТА: Тебе те чекам. Кого друг можам да чекам!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
- Вечер ќе зобаш - тоа ли? Добро, околу куќава има трња. - Вечер ќе дојдам кај тебе. Чекај ме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ТОМЧЕ: А мојот татко, поарно да го немам! Катил, намќор! Човек без душа, без срце!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Ене го, вели Здравко, ме вика. Не те чекам повеќе, вели, или идај или врати се, ми вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тамам стигнуваш, а пред врата те чека гужва: специјален доставувач на опомени за неплатен кредит, за струја, за вода, за телефон, за живот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Имам едно силно, верно чувство. Тоа ми вели: „Арсо, ти само настојувај, таму те чека полн успех“.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ти реков, го видов како жолт канарец. додека те чекав, еве го пак, сега во син костум.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Да, ајде, влези, те чекаат долго време, нели ти реков! - „запеа“ џуџето со тенко гласче.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој сега те чека надвор и штом ти ќе излезеш, еве го кај мене.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
- Ќе те чека жена ти за вечера, - се шегуваше дедо Димо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Извини Ива, ама ние не можеме веќе да те чекаме, - рече гордо и смирено Мони.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Добре дојде - потстана дедо од креветот, - те чекав да ми го премериш притисокот, - му рече.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Најпрво ние ќе минеме низ вагоните и ќе те чекаме кај последниот...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ако ме победиш, утре ќе те чека. Ако не, ќе се преселиме во друг град. Во некои други градови.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Подготвени ти се сите документи, по наш терк, разбираш што значи тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Син ти Ристе само прашува за тебе. Излегува на балконот и те чека.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со гробот те проколнуваше зашто со години те чекаше и се распрашуваше за тебе...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сега, штом знаеш дека те чека Карл, верувам наскоро ќе нè викнеш да те земеме - рече сестра ѝ.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ајде, Доцко, многу си задоцнил! А да знаеш каков касмет те чека, не би ни кинисал!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ако не знаеш да пливаш брзо, не влегувај во каналот полн со влекачи крвожедни зашто, кога исцрпен ќе се довлечкаш до брегот, ќе те чека ново сокаче, што завршува како слепа улица.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ќе те чекам пред „Манаки“ во 15.55 часот, во петок попладне. Ако не можиш те молам пиши ми.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Многу се изнамачив подготвувајќи ги приемните испити, сети се само колку лудо и уплашено ти чукав во градите понекогаш кога ќе се сетеше на тоа што те чека.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А мама? - праша кога малку се смири. - Таа те чека да те прегрне - му одговори татко му.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
ТЕОДОС: Ѓаволот нека ти то носи: ќе те чекам...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- А пукаш да убиеш. Еј, еј, синко мајчин, само те чекав, знаев што мислиш.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Украдени минути без збор, кои пак, не те чекаат да завршиш. Тишината гребе.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Нешто како се грижи околу децата, како ќе им кажеш и тоа, ама те чека изненадување, и, дури ги бакнуваш рано наутро за да им соопштиш дека, ете, си се заљубил, ти се врти нервозно и ти вели: „Оди бре, тато, најди си женска и нејзе гушкај ја“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Почекај овде, веднаш се враќам. - Ќе те чекам.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ти беше кај него. Те чекаат сите, ако ја премостиш судбината, сине.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Затоа те чекав - знаев, ќе дојдеш.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Мамо, мамичке! - ѝ се стрча Бреза, - колку долго те чекаме!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не го стори ли тоа за една недела – тебе те чека куршум!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Сигурно си заминале? – пак се сомневав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Со малку страв, за депресивната празнина што те чека следната недела.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Толку многу бев среќна поради таа мисла, што дури и го бакнав пред да се упатам кон влезот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се покажа месечината над стените. Долг пат те чека.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А какво стуткано и кутро бев оние денови додека ги очекувавме резултатите? Си спомнуваш?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ја позема маката со негов глас изговорена - Секој ден те чекав, мил мој, таму кај што се разделивме, кај нишан си дадовме - по една темјанушка пелистерска.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ќе те чекам да тргниш ти на првиот, па јас на вториот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Побрзај, крокодилите те чекаат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Ќе те чекам со чеканот на маж ми што го исклоцаа за да се собираат во кундале над мојава глава, се разгневила.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Треба да се одмориш. Утре те чека пат.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И за оној во куќата слична на ковчег. Оној што те чекал.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- На изгрејсонце сум се разбудила на еден зглавник со него, бабо, покриени со една јамболија... од една вода сме се измиле... во бела крпа од лебот и пиперна солца сум му врзала... и сум го испратила угоре сè до Самовилската ливада, до езерцата Пелистерски очи... по една темјанушка како нишан си подадовме - Ќе се вратам - ми рече - Ќе те чекам - му реков... и си замина отаде превалецот - како мама што си замина - накај Беласица...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)