те (зам.) - господ (имн.)

— Еее! чул ми те господ златен, стрико Јоване!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ЦОНКА: Па, сега кумот ќе го дарува кумашинчето. (На Теодос мазно.) Треба алтанче на крштеничето, адет е, проводија за крштеничето.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Чул те господ, честити владика... - се зарадуваа Цветко и жена му бацувајќи му ја раката клекнати на колена.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Чул те господ, велам, чул те господ, господин Григоре.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чул те господ, вели Никола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
АРСО: (Криејќи ја пред Теодос својата голема радост од постигнатиот успех, здржано.) Нека е живо кумашинчето, да порасте големо момче, па ти, Поцко, да го жениш, а кум Теодос да го венча! (Му намигнува на Поцко.) ЦОНКА: Амин, амин, чул те господ!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: Да ти се позлати устата! (Ликува од радост.) Еј, бре, бреј!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)