ти (зам.) - прати (гл.)

- Добро, Коле. Ќе ти месам зелник со штавеј и ќе ти пратам ручек по Рушка.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Стави рака на нејзиното рамо: - Бојанко, душо, погледни ме... Пари, писмо, сѐ, сѐ ќе ти пратам.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ме погледна зачудено Масим, синот на стрико Бојан, ја подотвори устата во чудо, ги ококори очите и прекорно ми рече: Какво писмо ти пратил татко, кога тој почина пред една година во Домот за старци во Катланово, го погребавме по сите обичаи на градските гробишта, му правевеме помен на четириесеттиот ден и парастос на годината од умирањето?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ти пратил пари да го викнеш дедо ти Јордан на задуша...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Пиши им на твоите да ти пратат пари“.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
АНЃЕЛЕ: После пак ќе ти пратам да си купиш некое нивче, да не одиш аргат по туѓи ниви.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Многу те поздравува и ти прати едно кило шеќер.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)