тие (зам.) - околност (имн.)

Тие околности денеска го подигнуваат едно наречје на степен на литературен јазик, утре друго итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Март е, пролет, време кога на календарите се бележи времето и празниците посветени на радоста и на обновата на природата, а не време за замолк, не време на смрт...  Во главата (што му е?) непрекинато му одѕвонува тажното мане изведувано на ут од сефардската песна „Примавера ен Салонико”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Раскинување на договор не може да се бара ако страната што се повикува на променетите 69 околности била должна во време на склучувањето на договорот да ги земе предвид тие околности или можела да ги избегне или да ги совлада.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Кажи ги еднаш тие околности“, нестрпливо и вреснав во слушалката, но не за да ја исплашам туку за да ѝ помогнам, но таа изгледа воопшто не беше подготвена да слуша.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И тие околности можеле да повлијаат таа да се однесува онака како што се однесувала во сите изминати години.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот, а во едниот и во другиот случај во таа мера што е очигледно дека договорот повеќе не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општото мислење би било несправедливо, да се одржи во сила таков каков што е, страната на која ѝ е отежнато исполнувањето на обврската, односно страната која што поради променетите околности не може да ја оствари целта на договорот може да бара договорот да се раскине.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Гетото има практична локација: поставено близу до железничката станица, ги брои сѐ помасовните транспорти со мажи, старци, деца, девојки, трудни жени, млади брачни парови земени неодамна во една, во тие околности неочекувана и чудна епидемија на свадби што се случуваат и по сто на ден, но и на болни, исцрпени, предсмртни и млади, здрави, полни со живот, очајни луѓе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)